Штип со нетрпение го очекува настанот на годината

Штип, 21.12.2018

Распродадени влезници за само еден ден. Големата сала на Домот на култура „Ацо Шопов“ која има 616 седишта е подготвена за музичкиот и културен настан на годината.

На 26 овој месец средното музичко училиште „Серѓеј Михајлов“ ќе го одржи својот традиционален Годишен концерт. Интересот меѓу штипјани да ги слушнат надарените за музика ученици е неверојатен.

„Подготвени сме за спектаклот на годината. Нашите ученици секојдневно и вредно се на проби за нашиот годишен концерт, а фактот дека салата ќе биде преполна за нас претставува голема обврска да бидеме на нивото на очекувањата. А тоа, бидете сигурни, така и ќе биде“. Ова за istokpress.mk го вели Горан Кавраков, директор на училиштето кое досега дало бројни познати музичари кои се присутни на домашната и на странските сцени.

Ќе настапат, оркестарот, хорот, оркестарот и хорот, проф. Лазар Наумов на пијано со Горан Тонев-гитара, Меланија Патриклиева, Симона Паунова, Ивона Пакосова, Марија Спасовска, Горан Кавраков, Иле Колев, Сања Димова, Марија Ѓорѓиевска и други.

Гопдишниот концерт на СМУ „Серѓеј Михајлов“ е на 26 овој месец (среда) со почеток во 18, 30 часот.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе