ШТИП станува Македонска метропола во која се создава млада театарска публика

Штип, 05.10.2022

Полна сала, 500, 600 деца кои секој ден бурно реагираат на секој театарски лик од сказните кои ги следат на сцената, а кои ги напишале најпознати светски писатели  на начин наменет за нивната возраст….Тоа е сликата која десет дена се проектира во Штип, во големата сала на Домот на култура „Ацо Шопов“.

Театарскиот фестивал за деца и млади „Малиот принц“ од 30 септемвр до 10 октомври го живее своето десетто издание. Фестивалот е осмислен и креиран во инспиративната и креативна работилница на Националната установа – Центар за култура „Ацо Шопов“ во кој овие денови мајки и татковци, баби и дедовци бараат карти за најмладите од своите семејста.

Штип, преку овој фестивал, станува македонска метропола во која се создава идна театарска публика.

Во претставите уживаат децата, но уживаат и актерите на кои полната сала и неверојатната реакција на децата на бројните реплики кои им го исполнува срцето со најблагородното чувство-дека нивната актерска работа зад и на сцената има(ла) смисла. Се виде тоа и од насмеаните ликови на актерите од театарот во Куманово кои ја изведоа претставата „Малата сирена“ , а таа благородна придобивка од актерската професија нескриено се виде и од актерите од Прилепскиот театар кои синоќа ја изведоа претставата „Убавицата и ѕверот“ и кога децата, разбира се, громогласно навиваа за убавината, читај за убавицата.

„На децата им носиме многу радости и градиме идна театарска публика. Презадоволни сме од интересот, а посебно од тоа како реагираат нашите најмлади сограѓани на секоја реплика изведена на сцената. Сите кои посветено работе(в)ме овој фестивал да помине како прекрасна бајка за нашите деца сме презадоволни од резултатот кој го добивме токму во името на децата и во името на иднината на театарот како посебен вид уметност“, ни изјави Горан Трајков, директор на НУЦК „Ацо Шопов“.

Нашиот портал донесува неколку фотографии кои најдобро го илустрираат напишаното во овој текст.

310410162_2356016031228903_3479688321799828741_n 310746446_5459020794215118_1479637573270002883_n 310772580_3122153374711927_8855571144027164291_n310589867_5404835476218863_8803251349362809163_n

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе