ШТИП: ТВ Ирис се ребрендира

Штип, 01.11.2019

Од денес регионалната ТВ Ирис се ребрендира и во сосема ново руво започнува да пулсира во информативниот простор во Источниот плански регион кој има 180.000 жители.

Според новиот директорот на телевизијата Благој Серсемов, гледачите на ТВ Ирис во иднина ќе можат да гледат разновидни медиумски проекти oд вести, дебатни емисии, спортски информации, репортажи од регионот и од странство, патеписи, документарни емисии, контактни емисии од областа на здравството, емисии од областа на културата и  слично.

-Луѓето и техниката се најважни, едно без друго не може. Затоа во телевизијата примивме неколкумина новинари од младата и од средната генерација, дел од нив со искуство во бившата К+ телевизија која одамна не работи. Дел од новиот кадар ќе биде тука со повремени ангажмани, според потребата на телевизијата. Во однос на техничкиот персонал ТВ Ирис тука е најсилна и нема потреби од нов кадар, барем засега. Наскоро ќе ја обновиме и техниката, вели Серсемов.

По повод брендирањето на телевизијата во денешниот ТВ Дневник гостуваше градоначалникот Благој Бочварски. Негов домаќин и соговорник беше Игор Стојанов, исто така ново лице на оваа ТВ.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе