ШТИП: Утревечер во театарот премиера на драмата „На отворено море“

Штип, 28.02.2020

Утревечер (сабота, 29.февруари)  во 20,оо часот штипскиот Народен театар премиерно ќе ја изведе претставата „На отворено море“ од Славомир Мрожек. Во претставата играат Аѓелка Нашкова, Марија Минчева Андонов, Пеце Ристевски, Миле Вратеовски и Владимир Тулиев. Режијата на најновата премиера на ШНТ е на Никола Ристов, гардеробата на Верица Давчева, а драматургијата на Весна Куслеска.

zz02-На отворено море е претстава која ни ја доближува реалноста на себичното, за самопрогласеното цивилизирано, за стравот од празен стомак. Садомазохистичкиот поглед на човештвото низ објективот на апсурдот, драма каде катарзата не е во полнењето на празниот стомак, туку во чинот на убиството. Драма која ни покажува дека се е веќе избрано дури и пред идејата за самиот избор. Интелигентен, но сепак животински начин на преживување-да се убеди другиот дека вредноста на неговото постоење се состои само во неговата смрт за другите да преживеат. Дали можеби во крвта ни е никогаш да не е доволно, дали секогаш недоволно е човечкото, суштинското. Дали кога стомакот е празен постојат норми? Зошто човекот уништува најмногу луѓе дневно?

Ова во програмчето го запиша драматургот Весна Кулеска.

„Она кое актерите го направија со оваа претстава ќе биде вистинско уживање за публиката“….(Никола Ристов, режисер)  

-Ова е втора претстава која годинава со сопствени средства ја работи нашиот театар. Претставата беше голем предизвик за мене оти главните ликови во неа не се некои веќе напишани ликови кои можеме лесно да ги изанализираме и поставиме на сцена туку тие претставуваат определени општествени групи како што се политичарите, бизнисмените, народот, рече на прес конференцијата режисерот Никола Ристов.

Тој го истакна своето големо задоволство од начинот на која актерската екипа му има пристапено на текстот, и порача дека тоа кое актерите го направиле ќе биде вистинско уживање за публиката.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе