ШТИП: Ученици од Музичкото училиште во Музичката академија во Базел, Швајцарија

Штип, 17.09.2019

Танер Мачев, кларинет Тамара Охомуш, виолина  и Кирил Костадинов, пијано, музички талентирани ученици од ДМУЦ „Серѓеј Михајлов“ од Штип престојуваат во Базел, Швајцарија. Мачев е во класта на проф.Игор Димов, Охомуш во класта на проф.Марија Илиева, а Костадинов во класата на проф. Благој Јанев. Учениците се придружувани од проф.м-р Горан Кавраков, директор на училиштето и професор Благој Јанев.

03_800x450Ова е голем успех на учениците но и на штипското музичко училиште бидејќи учениците се гости на познатата Музичка академија во Базел. За нив таму се организирани часови, семинари, работилници, а учениците секој ден имаат и проби но и консултации со тамошни професори.

02_800x450-Извонредно сме примени на Академијата. Бевме пречекани од Ана Бургони, екс директорка, од актуелниот директор на академијата Давид Лаури и од проф.Ланет Флорес. Целата наша екипа е примена со големи симпатии и со сите услови. Секоја чест на домаќините, изјави за istokpress.mk директорот Кавраков.

04_800x450Учениците во Базел ќе престојуваат до 21 овој месец кога се враќаат дома. Најголемиот настан ќе биде на 20 (петок) кога тие ќе приредат концерт за кој постои голем интерес.

Организацијата на овој настан е дело на Драган Гелев, штипјанец кој живее во Базел, а финансиската поддршка дојде од Министертвото за образование и Општина Штип.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе