ШТИП: Учи паметно, работи стручно

Штип, 01.02.2021

Денес во просториите на ОМЦ „Киро Глигоров“ се одржа средба за унапредување на средното стручно образование на која присуствуваа министерката за образование и наука Мила Царовска, градоначалникот на Општина Штип Д-р Сашко Николов, градоначалникот на Општина Пробиштип Драган Анастасов, директорите од средните стручни училишта, претставник од платформата за јавно приватен дијалог и претставници од компаниите.

01a Состаноците се дел од процесот „Учи паметно, работи стручно“ чија основна цел е да се идентификува потребата од отворање на одредени профили и паралеки, во средните стручни училишта во градовите низ државата од идната година. На средбата беа дадени многу конструктивни и корисни предлози за тоа како да се унапреди системот на средно стручно образование и да се одговори на потребите на реалниот сектор со соодветен стручен кадар.

„Фундаментот и темелот на едно успешно општество е образованиот систем. Доколку овој темел е стабилен и квалитетен, тогаш успешно може да ја издржи тежината на потребите на сите сегменти од општествениот систем.

Проблемите не се еднострани и не можеме парцијално да ги решаваме. Решенијата мора системски да ги донесеме вклучувајки ги сите чинители. Средни училишта, факултети, компании и министерства и само така ќе добиеме резултат кој ќе ни гарантира успешен општествен развој“ истакна Д-р Николов во своето обраќање.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе