ШТИП: Честика од Јасна Габриќ до градоначалникот Бочварски

Штип, 28.03.2020

Јасна Габриќ, градоначалничка на Општина Трбовље, Република Словенија, на штипскиот градоначалник Благој Бочварски денес му го честиташе почетокот на пристапните преговорите на Република Северна Македонија за членство во Европската унија.

Јасна Габриќ, заедно со Благој Бочварски, претседава со Заедничкиот Консултативен Комитет на ЕУ.

Во писмото од Габриќ до штипскиот градоначалник се вели:

„Драг г. Бочварски, драг Благој,

Со искрена радост го пишувам ова писмо, иако сите минуваме низ досега невидени тешки времиња.

Најнапред, дозволете да Ви честитам што стигнавте до уште една позитивна пресвртница на патот кон членство во ЕУ. Јас лично, како и Заедничкиот Консултативен Комитет на Региони ја бараме оваа важна одлука со години, имајќи ги предвид големите постигнувања на Северна Македонија. Почетокот на пристапните преговори ја одразува посветеноста на заедничката агенда на уште подлабоки односи засновани на европски вредности и соработка.

Важно е ЕУ да покаже доверба и посветеност на проширувањето, уште поцврсто во солидарноста со регионот на Западен Балкан во овие кризни мигови. Ова се одлични предуслови за нашата работа во ЗКК, за кој ми е дадена обврската да бидам негова ко-претседавачка и во наредните две и пол години.

Ви посакувам сила и добро здравје и очекувам продолжување на нашата одлична соработка.

Искрено,

Јасна Габриќ, градоначалничка на Општина Трбовље

Ко-претседавачка на Заедничкиот Консултативен Комитет“.

Градоначалникот Бочварски се заблогадари со следниве зборови:

-Голема благодарност до г-ѓа Јасна Габриќ, и до сите наши меѓународни партнери со чија поддршка чекориме кон успесите. Во една недела ги остваруваме двете најважни стратегиски цели на чија реализација работиме со децении. Ништо не може да ја помати радоста за испорачаните успеси и обезбедената подобра перспектива. Продолжуваме понатаму, рамо до рамо со нашите пријатели во големото европско семејство, каде припаѓаме.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе