Ѕвегорските суроваскари и годинава го бркаа злото од Пијанец

Делчево, 14.01.2019

„Сурова“ ечеше денеска во делчевски Ѕвегор со што Ѕвегорските суроваскари го продолжија живото културно наследство во Пијанец поврзано со Василица. Локалниот обичај под маски или театарот на отворено во кој главните ликови, невестата и младоженецот, белаците, бабите, мечките, го бркаа лошото од Пијанец, благословувајќи ги домаќините со сурова-млада и здрава нова година и прославувајќи ја Старата нова година.  Зачувувајќи ја автентичната традиција на весела свадбена поворка збогатена со многу нови ликови, седумдесетина маски годинава дефилираа низ селото не одминувајќи ниту една куќа во него.

„Сурова“ во Ѕвегор е уникатна по многу нешта. Еротските игри асоцираат на плодноста, старите баби и мечкарите им помагаат на болните, а се црнат присутните и гостите за здравје. Белаците се војска кои со дрвени сабји и пушки ја чуваат невестата  предвреме откриена. Оваа традиција постои одамна во селото. Ѕвегорските суроваскари уште од турско ја следеле традицијата и ниту една година до денеска на Василица се нема случено да не се одржи оваа традиционална свадба, потенцира Димитар Узунски, собирач на народни обичаи и умотворби од Пијанец.

delcevo surova_800x532-Во овој период поминале многу маски, но целта останува иста, задржана е основата наовој обичај. Генерации и генерации на ѕвегорци, правеле најразлични маски, нозадолжително ја има невестата, зетот, попот, белаците, кои  ја чуваат  невестата да не биде предвреме откриена, мечката која благословува за здравје, старата баба којаасоцира на старата година што изминала и сл., вели Узунски.

Суроваскарите ќе го завршат танцот во селото доцна попладнево и на трпеза подготвенаод кумот на свадбата ќе се открие невестата и ќе паднат сите маски од годинешнатасурова. Ѕвегорската сурва е вековна традиција и живо наследство кое жителите на Ѕвегор самоиницијативно ја продолжуваат и ја одржуваат почитувајќи ја традицијата оставена однивните предци. Поддршка за реализација има од Општина Делчево и од спонзори.

Годинава кум на „Сурова“ е Антонио Цветковски кој има обврска да ја организира групата и да обезбеди ручек за учесниците и за гостите. -Оваа година имаме групи под маски и од соседна Бугарија, од Логодаж и од Симитли. Јас сум задоволен од начинот на кој се одвива овој обичај и се надевам дека ќе смогнеме сили наредниот период да ја подигнеме манифестацијата на повисоко ниво, секако, со поддршка на Општина Делчево“, рече Цветковски.

Градоначалникот Горан Трајковски кој го потенцираше значењето на ова живо културно наследство истакна дека локалниот обичај треба да ги надмине локалните рамки и да прерасне во пијанечки карневал, бидејќи наследството се почитува од дамнина, а по значењето и по богатството на маски го нарекуваат Пијанечко Вевчани.

-Мене ме радува што последниве години многу млади од ова село Ѕвегор ја продолжуваат традицијата со што се обезбедува иднината на овој култен обичај под маски чија цел е да се избрка злото во некрстените денови. Сакам да истакнам дека овој локален обичај под маски во Ѕвегор, треба да прерасне во еден карневал и на оваа тема треба сериозно да се работи и со претставниците на групата „Суроваскари“ и овој локален обичај да се стави во туристичката понуда на Делчево и Пијанец. Нека е за многу години, весела, сурова и здрава стара нова година, рече Трајковски

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе