Јапонци со помош на Австриски научен фонд ќе ја решават енигмата Алшар

Штип, 28.12.2016

  • Дали, конечно ќе биде одгатната тајната на активностите на Сонцето во последните пет милиони години?

Рудникот Алшар во близина на Кавадарци, за кого се смета дека во него, на пристојна длабочина, има количества на лорандит со најголема концентрација на светот, со децении е приказна привлечна не само за домашната јавност. Во однос на Алшар, лорандитот и најавите дека овој минерал ќе ни ја открие тајната на постанокот на светот, досега многупати e пишувано не само во домашниот туку и во светскиот печат. Овој минерал е откриен во 1894 година токму во Алшар.

Проф.д-р Блажо Боев, ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ , човек кој кој долги години се поврзува со истражувањата на Алшар, во интервју за новинарите од Штип, во однос на истражувањата во овој рудник, изјави дека во моментов се изготвува апликација за продолжување на проектот во однос на Алшар.

alshar1wh4„Апликацијата ќе биде поднесена до Австрискиот фонд за наука, а очекуваме во 2017/18 година да се извршат истражните мерења. Материјалот е обезбеден оваа година, односно обезбедени се 1,2 килограми  кои се неопходни за мерењата кои треба да бидат направени. Се надеваме дека Австрискиот фонд за наука  ќе го подржи проектот и мислам оти наредните две години ќе бидат направени и мерењата во Јапонија и дека ќе имаме едно финале на проектот кој е значаен во доменот на активноста на сонцето во последни 5 милиони години. Ова не е лесен пат и сето тоа малку ќе потрае“, потенцираше Боев..

Лорандит е талиумов арсеничен сулфат со хемиска формула TlAsS2. Тој е откриен за прв пат во рудникот Алшар кај Кавадарци во 1894 и е именуван по Е. Лоранд, физичар од универзитетот во Будимпешта.

За Лорандитот се вели дека има натприродни-неземјени својства. Во Македонија го испитувале и научници од НАСА. Во 1978 година на тајна седница на Владата на СФРЈ е разгледувана можноста за давање на рудникот Алшар на користење на една голема светска сила која лорандитот би го користела за вселенски истражувања. Што е решено на таа седница, не е познато. Многумина научници велат дека со проучување на Лорандитот може да се дојде до толку посакуваната бесплатна енергија која би го сменила распоредот на силите во светов. Некои од истражувачите на оваа чудесна руда тврдат дека токму поради можноста за бесплатна енергија целата оваа работа останува не докрај разјаснета.

Најсигурен, и барем за сега единствен начин да се детектираат сончевите неутрина, а со тоа и да се дознае до која фаза се стигнати процесите во внатрешноста на Сонцето е со помош на ретката руда на талиумот – лорандит, која се наоѓа во рудникот „Алшар“ кај Кавадарци.

Станува збор за многу редок минерал за кој е утврдено дека во целиот свет го има единствено во Македонија или можеби уште на Шри Ланка. Неговата моќ експертите ја гледаат во тоа што единствено тој природен елемент во светот ги препознава реакциите кои доаѓаат директно од јадрото на сонцето.

До црвенкастиот кристален елемент може да се дојде со дупчење на големите камени стени во чија длабочина е скриен. Со процесите на фусија и фисија и цепење на јадрата на елементот се претпоставува дека е можно да се ослободи енергија, која во ерата на се поголема употреба на алтернативни извори на обновлива енергија е добредојдена.

За лорандитот има и мистични приказни кои се преплетуваат со историјата на Македонија и доаѓаат се до Античка Македонија и славниот Александар Македонски

Во битките кои тој ги водел секогаш точно напладне и со движење на војската од запад кон исток се јавувал силен одблесок од штитовите кој ја заслепувал противничката војска. Затоа и не зачудува успехот на фалангата на Александар. Не е случајно ниту тоа што на штитовите на фалангата се наоѓало изгравирано познатото сонце од Кутлеш. Од таму можно е да потекнува и култот на Македонците кон Сонцето.

(извор: Википедија).

 

 

 

 

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе