Ќе има ли војна?

Виница, 25.04.2017

 Пишува: Николина Атанасова, новинарка
Пишува: Николина Атанасова, новинарка

Постојано ми велат да не се мешам во политика. Најмили мои и загадениот воздухот што го дишете е дело на нечија политика. Можеби звучи старомодно или „демоде“, но обичниот македонски граѓанин не бара повеќе од „леб и сол“, меѓутоа сегашните моќници не му го дозволуваат ни тоа. Тие се однесуваат полошо и од некогашното класично феудално општество.

Си ги наполнија стомаците и џебовите убедувајќи не како е толку лошо и нема пари или симнувајќи ни ѕвезди. Убедувајќи не во двојазичност, тријазичност и петојазичност, додека тие јадат во скапи ресторани, мотели и хотели ширум светот. Прават ненормални сметки за пат, додека луѓе умираат по патиштата. Прават ненормални сметки од роаминг, , додека жена не може да си плати телефонска сметка од 150 денари. И сега за да си ги спасат задниците  и џебовите шират лажен патриотизам и продаваат приказни за војна.

Луѓеее додека мислите дека вие ќе ја спасите Македонија од пропаст, гинете невини за да извлечете криминалци кои мора да ја платат цената за крвавиот кавијар.

Ако сакаат војна, бујрум нека се соберат сите тие поттикнувачи заедно и нека се убиваат меѓусебно, но далеку од нашиве очи. Нас обичните смртници нека не остават мирно да си јадеме „лебот и солта“ што тешко се печалат во ова бурно време.

Ќе има ли војна? Размислете добро.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе