AНЃУШЕВ: Вистинска тема е дека се врати евтината цена на струјата

Радовиш, 28.08.2017

  • Зошто судот не ја отфрлил блокадата на сметката на Трансмет кога истата веќе беше под обвинение дека има одредени активности кои не биле во согласност со Законот? И второ, зошто претходното раководство на ЕЛЕМ, кога веќе се разоткрија таквите сознанија, не издаде негативна референца на оваа компанија, согласно Законот за јавни набавки?

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денес присуствуваше на прославата на Денот на рударите во рудникот Бучим и притоа даде одговори на поголем број прашања на теми кои со интерес се следат од нашата јавност.

-Лага се сите информации околу некакво покачување на цената на електричната енергија. Тоа е само елемент за одвелкување на вниманието на јавноста од вистинските теми. А вистинска тема е дека се врати евтината цена на електричната енергија, цена која беше укината од преходната влада. Денес ние ефтината цена ја имаме како бенефит за сите граѓани, за секое наше семејство. Вистина е дека во месец јуни претходната влада бараше покачување на електричната енергија за 6 проценти, а денес сите наши граѓани се свесни дека такво покачување не само што не се случи туку се случи намалување на цената на електричната енергија, посочи Анѓушев.

Тој уште појасни дека сака да ја информира јавноста дека ниту во моментов, ниту пак во блиска иднина, некакво покачување на цената на електричната енергија не е и нема да биде тема на оваа Влада. –„Некој само сака да ја пласираа оваа чувствителна тема воден од потребата да затскрие други, нелегални активности“, рече Анѓушев.

- Анѓушев и Николов на прес конференција во Бучим
– Анѓушев и Николов на прес конференција во Бучим

Во однос на настаните со јавниот тендер за ископ во РЕК Битола, при што некои настании предивикаа сомнежи во јавноста, вицепремиерот Анѓушев беше дециден:

-Јавниот тендер за ископ во РЕК Битола беше распишан од претходната Влада. На тој тендер имаше негативно поддавање. Затоа, во овој момент, се врши анализа на сите компании кои партиципирале на јавниот тендер, вклучително и компанијата која дала најповолна цена (Трансмет, н.з.). Притоа, ако се најде било каква колизија со позитивните законски прописи, компанијата ќе биде одбиена. Ној, јас сакам да се фокусирам на, според мене, две битни прашања во однос на овој случај. Прво, зошто судот не ја отфрлил блокадата на сметката на споменатата компанија кога истата веќе беше под обвинение дека има одредени активности кои не биле во согласност со Законот. И второ, зошто претходното раководство на ЕЛЕМ, кога веќе се разоткрија таквите сознанија, не издаде негативна референца на оваа компанија, а согласно Законот за јавни набавки, нагласи Анѓушев.

Според вицепремиерот, најбитно прашање во оваа пикантна приказна, а кое бара итен одговор е зошто истата компанија која до вчера наплаќала за ископ по 90, а во дадена ситуација дури и 144 денари за копање еден гигаџул, денеска истата компанија е подготвена тоа да го работи за само 44 денари! Од сето ова се отвора прашањето каде завршувала разликата, а второто прашање зошто вака ниски цени не се постигнати и претходно. –„Убеден сум дека сите прашања поврзани со оваа работа, со струјата и со цената на струјата, се само обид за отргнување на вниманието на јавноста од ваквите нелогични дејствија. Сепак, имаме институции кои ќе истражат дали ваквите дејствија кои се случувале во енергетскиот сектор во државата биле и криминални“, посочи тој..

Анѓушев уште вети дека сега, со исклучително транспарентна работа и постапки ќе се дојде до реалната цена на работењето.

-Заштедите кои ќе бидат  остварувани во енергетскиот сектор ќе бидат трансферирани кон граѓаните во облик на ефтина тарифа и други бенефити, што оваа Влада веќе го испорачува како резултат и кое нашите граѓани го препознаваат“, рече Кочо Анѓушев.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе