Eден метач во ЈП „Исар“ месечно трошел по 29 метли!

Штип, 13.12.2017

Живко Тасев в.д. директор
Живко Тасев в.д. директор

Финансиска полиција влезе во ЈП „Исар“. Таа чешла определен вид на документи.

Констатирани се индиции за можна злоупотреба на службената должност на поранешниот директор Ангел Бојаџиев и на дел нему блиските луѓе кои биле на значајни раководни позиции.

„Во претпријатието влезе финансиска полиција и таа ги разгледува тие индиции. Ќе посочам само два примери на можна злоупотреба на службените овластувања. Пример прв: бугарска фирма на тендер добила можност да го снабдува јавеното претпријатие со електрична енергија. Во тендерот е прецизирано за потрошената струја ЈП „Исар“ да плаќа со грејс период од шест месеци. Наместо да ја користио таа поволност се плаќало ургентно, веднаш откако ќе била добиена фактурата. Во исто време претпријатието се снабдувала со струја и од ЕВН, а плаќањето кон оваа фирма е по добивањето на фактурата. Но, раководството не плаќало воопшто при што направило долг од 12 милиони денари на кои е пресметана камата од еден милион денари. Ние сега плативме една сметка од три милиони денари за во блиска иднина да го подмириме тој долг кон ЕВН“, вели в.д. директорот Живко Тасев.

Во текот на 2017 година во ЈП „Исар“ биле купени 7.000 метли! Претпријатието има 20 метачи, а секој метач по 24 работни денови. Тоа говори дека секој од нив месечно трошел по 29 метли, што на дневна опснова е 1,2 метли! Колку пари биле платени за 7.000 метли, дали е точно дека дневно 20 метачи упропастувале по 24 метли, ќе покаже инспекцијата.

Втора индиција за можна злооупотреба на службената должност е најдена во користењето на службениот мобилен телефон од страна на поранешниот директор Бојаџиев. Тој имал лимит да може да потроши до 4.000 денари на мобилниот. Во 2016 и 2017 година Бојаџиев го пречекорувал лимитот со суми од 6.000 до 20.000 денари месечно, и наместо да си доплаќа за пречекорениот износ, тој едноставно го пречкртал делот од решението во кое била назначена лимитираната сума од 4.000 денари. За колку пари е оштетено претпријатието ќе утврдува финансиската полиција.

Има и други пикантни работи во начинот на кој се работело во најважното штипско јавно претпријатие, а кои упатуваат на можна злоупотреба на службената должност. Меѓу нив е и тоа што стоката која се набавувала за потребите на претпријатието не била евидентирана на никој начин, односно немало испратници а немало ниту влез и излез на истата. Со оглед на фактот дека во ЈП „Исар“ се набавувала разновидна стока вредна повеќе стотици илјади евра, претпоставка е дека се работи за нешто што зад себе „влече“ значајни финансиски средства.

Сепак, најпикантен дел од оваа сторија за тоа како се работело во ЈП „Исар“ кога градоначалник беше Илчо Захариев, а директор Ангел Бојаџиев, говори и бизарната информација околу набавката и потрошувачката на метли. Јавното претпријатие, според директорот Тасев, има 20 метачи. Во текот на оваа календарска година биле купени 7.000 метли! Тоа значи дека секој метач, кој во месецот имал 24 работни денови, трошел по 29 метли. Или попрецизно секој метач за еден работен ден трошел по 1,2 метли!. Колку пари биле платени за 7.000 метли, дали е точно дека дневно 20 метачи упропастувале по 24 метли, или толкава количина метли се набавувани од некои лични финансиски мотиви ќе покаже наодот на финансиската инспекција….

Има индиции и за потешки дела, но тие ќе бидат обелоденети кога инспекцијата ќе си ја заврши работата.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе