KОЧАНИ: Одличен интерес за изложбата поети – сликари

Кочани, 08.02.2018

Денес во Домот на култура „Бели мугри“ во Кочани беше отворена изложбата на слики на која беа претставени 30 сликарски дела на наши помалку или повеќе познати поети. Изложбата беше во чест на 5о годишното постоење на овој храм на културата во Градот на оризот.

DSCN9719Кочанчани покажаа одлчичен интерес за овој несекојдневен момент од сферата на културата кој беше во организација на Домот на културата. На отворањето имаше присутни од сите генераци, постара, средна, помлада…

20180208_121723На оваа изложба застапени се делата на Трајче Кацаров,  Јордан Ѓорчев, Христо Петрески, Љубомир Донски, Нада Накова и Велко Неделковски. Изложбата ја отвори Александра Димитрова, директорка на „Бели мугри“, а омаж за сликарството на секој од спомнатите поети имаше Трајче Кацаров.

Изложбата која е во фоајето на спомнатата културна иснтитуција ќе биде отворена во наредните десеттина дена.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе