KОЧАНИ: 57 кавадарчанец успешно исплива маратон на Гратче

Кочани, 08.09.2022

Бошко Илиев, 57 годишен кавадарчанец, денес исплива маратон на езерото Гратче кај Кочани. Илиев пливаше час и четириесеттина минути, а поддршката ја имаше од членовите на здружението „Кочански рибар“.

Кавадарчанецот по вторпат во својот живот пливаше маратон на вештачкото езер Гратче, а овојпат тоа беше по повод 7 септември Денот на ослободувањето на градот.

– Ова е мојот 118-ти маратон, досега сум испливал 536 километри само во маратон. Идејата ми е на тој начин да ги промовирам сите природни и вештачки езера во државата, но и пливањето како здрава спортска и рекреативна дисциплина и евтин спорт. На овој начин сакам да ги поттикнам младите да ги користат условите со кои располага нашата татковина и што повеќе да ги практикуваат и спортските и рекреативните пливачки активности – истакна Илиев.

Врачувајќи му благодарница на пливачкиот маратонец Илиев, градоначалникот Љупчо Папазов истакна дека со својата активност тој го збогатил празнувањето на градот.

Пливачкиот маратон на Гратче финансиски е реализиран со средства од Општина Кочани.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе