Kултура на трудот, култура на афоризмот во Делчево

Делчево, 01.04.2017

  • Да читата афоризми пред горди жени во работнички мантили, и од нив да добиете признание во вид на голем аплауз, тоа е по малку нестварно. Македонците знаат да препознаат добар афоризам, да го прочитат неговото значење, а тоа го знаеја и работничките на „Крзно“ за што велам – секоја им чест“, порача Деана Саиловиќ, афористичарка од Србија.
  • Во Кочани посебно признание за трајни вредности на полето на афористиката му беше доделено на Љупчо Силјановски.

Работнички на делчевската конфекција „Крзно“ угостија неколкумина познати афористичар(к)и од Македонија и Србија кои пред  нив и во нивна чест ја промовираа книгата „Жена и афоризам“.

Во книгата се застапени афоризмите на 20 жени од неколку балкански држави кои пишуваат афоризми. Книгата ја промовираа Деана Стоиловиќ од Србија и

Миле Ѓорѓијоски од Македонија. По тој повод, во работничкиот ресторан на познатата делчевска конфекција, пред триесеттина работнички,  свои афоризми читаа Ленче Стоименова, Миле Ѓорѓијоски, Јане Атанасов, Ружа Стоимилова и гостинката од Србија Деана Саиловиќ. Сите тие добија аплаузи од работничките кои побараа вакви настани да има што повеќе.

Сега не може да каже дека не знае колку му е часот
Љупчо Силјановски награден за трајни вредности во македонската афористика

Овој настан потсети на времето од пред речиси четири децении, кога штипската модна конфекција „Астибо“ ја промовира новата културна филозофија „Култура на трудот“. Во тие години за работниците беа организиран културни настани од највисок квалитет, од театарски гостувања, концерти на сериозна, забавна и народна музика, преку литературни читања и филмски проекции до средби и разговори со најпопуларните личности од тогашната културна сцена на Македонија и Југославија. Тој концепт на „Астибо“ подоцна беше прифатен од многу македонски и ЈУ стопански претпријатија.

„Toa потсетување ќе ни биде добар мотив од „Крзно“ и Делчево да се обнови оваа културна филозофија, а фактот дека и тогаш и сега почетокот е од текстилна фабрика и од текстилни работнички само ни дава сигнал дека тоа не е неможна културна мисија“, вели Миле Ѓорѓијоски.

За Деана Саиловиќ овој настан бил еден од нејубавите во нејзината кариера на афористичар.

Настап на афористичари и поети во манастирот кај Делчево
Афоризми и поезија во манастирскиот комплекс „Света Богородица Балаклија“

„Да читата афоризми пред горди жени во работнички мантили, и од нив да добиете признание во вид на голем аплауз тоа е по малку нестварно. Македонците знаат да препознаат добар афоризам, да го прочитат неговото значење, а тоа го знаеја и работничките на „Крзно“ за што велам – секоја им чест“, порача гостинката од Србија.

Во манастирскиот комплекс „Света Богородица Балаклија“ кај Делчево афоризми беа читани и за граѓани од овој град, но на овој многу убав простор имаше место и за поезија. На веќе споменатите афористичари им се приклучи младата, инспиративна Наташа Ќурчиска со свои афоризми. Пред педесеттина присутни свои поетски творби читаа поетесите од Делчево Перса Стојанова, Христина Деловска и Весна Дончевска.

Синоќа во Кочани, во преполнетата мала сала при Домот на култура „Бели Мугри“, на Петтата вечер на Македонскиот афоризам му беше оддадено посебно признание за трајни вредности на полето на афоризмот на еден од најпознатите афористичари во историјата на македонската афористика – Љупчо Силјановски. Во негова чест со свои афоризми настапија Ристо Филчевски, Јане Атанасов, Миле Ѓорѓијоски, Атанас Крлески, Ацо Ѓорѓиев и Марјан Анѓеловски.  На Силјановски му беше подарен ѕиден часовник за да може полесно да се снајде во ова време-невреме.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе