KOЧАНИ: Несекојдневен настап на гудачкиот квартет „Вива стрингс“

Кочани, 04.12.2018

Синоќа, во рестoранот „Амор“ во Кочани, настапи гудачкиот квартет „Вива стрингс“.  Академските музичари – виолинистите Елена Талевска и Симон Поповски, виолистката Дубравка Зајкова и челистот Дејан Теодосиевски понудија специјално подготвена програма со обработки на популарни рок, соул, фанк, рап и џез-теми.

–Програмата што ја нудиме е несекојдневна, ова е нешто што исклучиво ние го работиме, овде во Македонија, едноставно сметавме дека музиката треба да ја доближиме до обичниот граѓанин, кој ако не е бомбардиран со турбо фолк, тогаш е бомбардиран со популарна музика. Ние земавме мотиви од хитови, направивме обработки, аранжмани за квартетот и целата програма содржи композиции коишто се наши, авторски обработки на популарни песни – изјави Дејан Теодосиевски.

viva strings kocani_800x509Публиката имаше можност да  проследи обработки на хитови од АББА, Мајкл Џексон, Стинг, Квин, Ренси Крафорд, Ерик Клептон.

Членовите на „Вива стрингс“ истакнуваат дека публиката не е навикната да сретне гудачки квартетсо ваков музички израз, затоа што од квартет се очекува музика којашто е класична, но по тоа што ќе го слушне, секогаш следува воодушевување – што се докажа и во Кочани.

Покровител на настанот е Министерството за култура на Република Македонија, поддржан од Општина Кочани и Центарот за култура „Бели мугри“.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе