KOЧАНИ: Одбележани 114 години од смртта на Никола Карев

Кочани, 25.04.2019

Во месноста Свиланово, во близината на Рајчани, Кочани ја одбележа 114-годишнината од смртта на македонскиот револуционер и учител, претседателот на Крушевската република,  Никола Карев.

Граѓаниод Кочани и Чешиново-Облешево, ученици од ОУ „Никола Карев“, членови на Извидничкиот одбор „Ластовица“ му дадоа почит на големиот македонски револуционер, кој загинал на 27 април 1905 година, во  близина на кочанското село Рајчани.

59362550_1059484927579141_6817246562096250880_nВо одбележувањето на годишнината од смртта на Никола Карев учествуваа  членовите на секцијата „Географски видик“ од ОУ „Никола Карев“, кои пеш ќе ја минаа релацијата од Свиланово до Пантелеј. Според сеќавањата на кочанецот Благој Стојанов, ученичкото пешачење до споменикот на Никола Карев е традиција што во Кочани се одржува  повеќе од педесетина години.

Свежо цвеќе на споменикот на Карев во близината на селото Тркање и во Свиланово положија делегации од  општините и советите на Кочани и Чешиново-Облешево, од Сојузот на здружението на борците од НОВ, а за животот и делото на Карев низ стихови говореа учениците од кочанското училиштето што го носи неговото име.

Во Свиланово, местото на загинувањето на Никола Карев од минатата година е изградено спомен-обележје на површина од околу 500 метри квадратни, простор кој поврзан со можноста за посета на излетници, туристи, викенд-посетители, вљубеници во природата.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе