MИЛОШЕВ: Планот за живот во Македонија ке го излечи тешко заболениот здравствен организам

Штип, 06.12.2016 год

Владимир Милошев, претседател на Општинската организација на СДСМ и кандидат за пратени во третата изборна единица, на денешниот прес ја анализираше состојбата во државното здравство.

„После десет години владеење на ВМРО ДПМНЕ, македонскиот здравствен систем го карактеризираат: зголемена смртност кај родилките и новороденчињата, недоволна ефикасност и ефективност на здравствениот систем, огромно незадоволство на пациентите од лошите услови во здравствените установи; демотивираност и ниски плати на здравствените работници кои се причина за нивно заминување во приватниот сектор и странство, огромни финансиски долгови, преплатена медицинска опрема дури и за 250 %, големи провизии, недостиг на медицински кадар и основни материјали за работа, партиски вработувања ….

Јавното здравство е системски уништено. Стотици милиони се потрошени, а притоа  многу човечки животи и здравје се неповратно изгубни.

Ова е реалната слика на македонскиот здраствен систем.

Планот за живот во Македонија нуди решение за излез од состојба во која се наоѓа здраствениот систем. Во првите две години ќе овозможиме:

–           Обемната административна работа на здравствените работници ќе се намали, а грижата за пациентот ќе биде ставена во центарот на вниманието.

–           Ќе обезбедиме бесплатно болничко лекување.

–           Ќе обезбедиме лекарска заштита  во приградските и руралните средини.

–           Ќе ги укинеме  квотите за рецепти и боледувања, со кои денес му се одзема правото на докторот да врши здравствена заштита според потребите на  пациентите.

–           Веднаш ќе ја зголемиме  основната плата на сите здравствени работници за 15 %.

–           Ќе го укинеме Проектот за плаќање по успешност

–           Ќе ја вратиме дијализата во државното здравство со ревизија на договорите за дијализа.

–           Ќе обезбедиме доволно лекови во аптеките во секое населено место преку редефинирање на месечните квоти.

–           Навремена набавка на инсулин за болните од дијабетес на годишно ниво која  ќе го спречи префрлувањето на пациентите од аналоген на хуман инсулин;

–           Секој што има реална потреба за лекување во странство ќе добие позитивен одговор во најкус можен рок.

–           Ќе ги зголемиме квотите на државни специјализации. Ќе дадеме предност на дефицитарните специјализации според потребите на здравствените установи и регионите.

–           Ќе воведеме бесплатна специјализација за најдобрите 10 студенти во секоја генерација.

–           Со промена во процедурите ќе обезбедиме сите вакцини да се набавуваат согласно принципот на квалитет, а не цена.

Македонија може и ќе биде поубава земја за живеење. На 11 декември, граѓаните ќе се одлучат за промени кои ќе го вратат животот во Македонија. Да го заокружиме

бројот 4

и со тоа да избереме просперитетна иднина, рече првиот штипски социјалдемопкрат Милошев!

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе