Oд весело поминаa на кисело

  • Oткако им стана јасно дека ја загубија власта во државата, а уште повеќе дека се пред пораз и на локалните избори, штипските вмровци го сменија изразот на лицата свои…

Вемерето се збогува со државната власт. Некои нови политики, нови луѓе, нови проекции доаѓаат за Македонија откако социјалдемократите остварија мнозинство во Собранието на Македонија.

И во Штип се позасилено се говори дека состојбата во до вчера веселата партија стана – кисела. Свесноста дека повеќе не се власт ги доведува главните штипски вмровци до стресна ситуација. Тоа е разбирливо ако се знае дека најголем дел од скиснатите лица на фотографијата беа тие кои имаа(т) позиции, власт, титули, моќ, пари, можност да кажат кој треба да работи, а кој да биде отпуштен од работа, кој каков тендер да добие и колку од истиот да профитира нешто тој лично нешто партијата негова…

Но, фотографија со свенатите лица е резултат и на фактот дека сите досегашно истражувања за расположението на штипјани одат во прилог на социјалдемократите и партиите од левиот политички корпус. Тие истражувања говорат за тоа дека по промената во државната ќе настапат промена и во локалната власт.

Најголем „придонес“ за лошиот имиџ на вмровци во однос на штипската политика, без сомнение има градоначалникот со изминат мандат Илчо Захариев. Тој е човекот кој со својата нарцисоидна природа, самољубие, бесчувствителност, бескрупулозност на мал милион луѓе им нанесе огромни неправди.

Промената на власта не е ништо необично во нормалниот свет на кој ние не му припаѓаме. И кога губат избори нормалните луѓе во нормално уредените држави си заминуваат од власта и функцијата со насмеани лица, срдечно поздравувајќи се со своите политички противници. Само кај нас тоа се прави со смркнати, кисели лица, како сите животни бродови да им потонале.  (Фотографијата е превземена од Народен Глас, Прилеп).

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе