Супер потег на млад битолски писател: го одбиле за промоција во книжарница, тој си го промовирал романот во бутик за алкохол!

Штип, 31.20.2024

Златко Симовски, поранешен вработен на брод за крстарење и автор на книгата ‘Дневникот на Еден Морепловец’ (издадена под псевдоним Теодор Кузман) која ја напишал за својот прв 8-месечен работен договор на брод, се обидел да си го промовира романот во книжарница во тодната Битола и во таа книжарница да остави неколку примероци за продажба.

-Во книжарницата ми кажаа дека престанале да продаваат македонски автори па немало смисла да прават промоција на книги од истите. Бев свесен дека сум влегол во погрешна книжарница и дека повеќето би одговориле позитивно на моето барање, но, изненаден од грубиот однос на сопственикот (и од потреба да излезам од матрицата), се одлучив да направам малку поинаква промоција чија главна цел ќе биде подигнување на свеста за проблемите со кои се соочуваат македонските автори, вели Симовски,

Тој дошол на идеја романот да го промовира во соседниот ‘Бутик за Алкохол Гермит’ чии сопственици биле многу поотворени за соработка отколку сопственикот на книжарницата.

Откако во книжарницата го одбиле за промоција и продажба на неговата книга, младиот автор дошол на идеја романот да го промовира во соседниот ‘Бутик за Алкохол Гермит’ чии сопственици биле многу поотворени за соработка отколку сопственикот на книжарницата

„Македонска надреална ситуација во вистинска смисла на зборот“, потенцира младиот автор и продолжува:

Мојата порака до читателите, продавачите на книги и издавачките куќи гласи: Поддржете ги македонските автори. Нивните книги можеби не се напишани на изолирани плажи и во планински куќарки, и зад нив не стои огромна маркетиншка машинерија, но произлегуваат од вистината и животот!.

Златко вели дека веста за необичната промоција на романот е пренесена од БабамБитола.мк и таа предизвикала огромен интерес

„Би сакал оваа моја порака да допре до што повеќе читатели, книжарници и издавачки куќи, па би бил бескрајно благодарен доколку и вашиот ценет медиум istokpress.mk го направи истото“, гласеше замолницата на Симовски, на која ние, како што гледате и читате, апсолутно позитивно одговараме зашто проблемот за кој пишува Златко е проблем кој задира во основите на националниот однос кон писателската фела и домашното издаваштво воопшто.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе