БИТОЛА: Доделени наградите „Јас, Итар Пејо“

 Битола, 28.10.2017

  • Васил Толевски е првонаграден за афоризам, Миро Ѓеоргиевски за карикатура а Томислав Дрвар од Србија за хумореска

Синоќа во свечената сала на Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ во Битола беа доделени наградите „Јас, Итар Пејо“ за посебни остварувања во областа на хуморот и сатирата. Ова беше прво издание на овој фестивал на кој, со свои дела од областа на хуморескатата, карикатурата и афоризмот учествуваа 157 автори од Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Турција и од Русија.

Прва награда за афоризам за Васил Толески
Прва награда за афоризам за Васил Толески

За идејата и потребата да застане зад еден ваков фестивал, пред полната сала на МСУ во Битола зборуваше д-р Јордан Ѓорчев. Ѓорчев кој и самиот е карикатурист и писател, рече дека во нашата државата силно недостасува подршката на хуморот и сатирата како посебен литературен вид, и дека МСУ сака да даде свој прилог во оваа насока.

Јордан Ѓорчев му ја предава наградата на Томислав Дрвар од Србија кој ја имаше најдобрата хумореска
Јордан Ѓорчев му ја предава наградата на Томислав Дрвар од Србија кој ја имаше најдобрата хумореска

Наградите ги врачија Јоран Ѓорчев и Иван Бојаџиски кој беше претседател на жирито.

Во областа на аформизмот првата нагарада му беше доделена на Васил Тоилевски, втората на Витомир Долински а третата на Раде Јерговиќ од Србија.

Во категоријата на хуморески првата награда му припадна на Томислав Дравар од Србија, втората на Ангела Лапоска од Македонија а третата на Владислав Влаховиќ од Црна Гора.

Иван Бојаџиски му ја предава наградата за афоризам на Витомир Долински
Иван Бојаџиски му ја предава наградата за афоризам на Витомир Долински

Кај карикатуристите лауреат стана Миро Георгиевски, втората нагара ја доби Горан Ќеличанин од Србија а третата Мехмед Караман од Турција.

Беа доделени и повеќе специјални плаќети.

Наградените автори добија златни, сребрени и бронзени плакети и парични награди. За конкурсот беше специјално изработена статуетка на Итар Пејо, која се додели само на првонаградените.