Боре Минов со своето атеље „Колорис АМ“ донесе културна свежина во Штип

Штип, 07.11.2018

Уметничкото атеље „Колорис АМ“ на уметникот Боре Минов донесе неверојатна културна свежина во Штип. Атељето е отворено денес, а е сместено во зграда зад црквата „Свети Никола“ речиси во самото срце на градот.

45770960_319652428815033_5165299017889873920_n„Има многу луѓе во градот кои работат на полето на уметноста, на полето на убавото, а тие нема каде да ги изложат своите дела, својата уметничка визија на светот во кој живееме. Го отворив ова атеље како остварување на мојот сон и го нудам на сите кои имаат некое свое уметничко дело да го изложат во овој за мене бесценет просторт“, рече за istokpress.mk Боре Минов. Атељето своите врати ги отвора во 9 часот наутро.

Во „Колорис АМ“ кое е еден преубав уметнички прсотор исполнет со над стотина уметнички слики, стари и нови книги, парчиња редок мебел од мал формат, Минов ќе отвори и училиште за млади таленти од областа на сликарството.

45671314_186563095601223_6542782750129127424_n„Уште отсега постои интерес за ова училиште, јавно ги поканувам академските сликари да го водат училиштето. Сакам да информирам и за тоа дека тука може да се донесе стара, оштетена книга и со мала доплата да се замени за нова. Се надевам дека во Штип кој е регионален центар у универзитетски град ќе има интерес за ова“, порачува Минов.

Бидејќи и неговата ќерка е дипломиран архитект со специјалност за внатрешен дизајн, таа ќе биде посветена на изработка на мали парчиња мебел.

„Се што тука е и ќе биде изложено ќе може да се купи. Сакаме мнгу домови на наши сограѓани и на луѓе од други места да бидат украсени со уметнички слики и други содржини кои тука ќе можат да се набават“, информира Боре Минов.

Ние препорачуваме задолжително да влезете во тој нов светол простор на нашата култура и уметност, за ако сакате душата да ви се исполни со една неверојатна убавина на создавањето.