БОЧВАРСКИ: од Копар има што да научиме

Штип, 20.11.2017

Копар, еден од најразвиените градови во Словенија, кој има нешто помалку од 24.000 жители, а е регионален центар на општина со над 50.000 жители. Овој град беше првиот кој во рамките на меѓуопштинската соработка го посети штипскиот градоначалник Благој Бочварски.

a1a3„Бев во посета на Копар не трошејќи од работните денови туку искористувајќи ги деновите на викендот за да се видам со еден од најуспешните градоначалници во овој дел на Европа и да се запознаам со еден успешен град во секоја смисла. Иако општината е голема колку нашата, сепак таа финансиски е далеку помоќна зашто има пристаниште, ја има познатата фабрика за мопеди Томос и има мошне развиен туризам. Од такви градови и општини треба да учиме, да земаме пример како се прави успешна приказна, а она кое  ние можеме да го превземеме како модел да го вградиме во нашиот град и општина за доброто на сите“, рече Бочварски.

БОЧВАРСКИ:   Од Копар има многу што да се научи, тоа е еден од најразвиените градови во Словенија, со градоначалникот Борис Поповиќ договоривме интензивирање на соработката што посебно може нам да ни биде од корист…

Тој потенцира дека имал исцрпни разговори со градоначалникот Борис Поповиќ, кој општината ја водел цели 15 години. –„Се договоривме во идниот период да воспоставиме силна меѓусебна соработка на полињата за кои имаме капацитет да ја оствариме“, потенцира Бочварски.

Инаку Копар го има единственото пристаниште на словенскиот дел на Јадранот. Во општината службени јазици се Словенскиот и Италијанскиот, а службената страница на општината е тројазична – освен на двата спомнати јазици објавите се и на англиски јазик.

На фотографиите е штипскиот градоначалник Бочварски со неговиот домаќин, градоначалникот на Копар Поповиќ.