БУЧИМ: Млади талентирани ученици завршија курс по англиски организиран од компанијата Солвеј

Радовиш, 29.05.2020

Заврши бесплатниот курс по англиски јазик за талентирани млади ученици органзиран од компанијата Солвеј Инвестмент Груп преку рудникот за бакар Бучим во Радовиш.

Четврта година по ред, матичната компанија на рудникот Бучим – Солвеј Инвестмент Груп ја реализираше образовната програма за млади креативци од Радовиш и Конче на возраст од 14 до 17 години, преку која тие имаат бесплатна можност за изучување на англиски јазик и пристап до светски најпознатиот фестивал на класична музика – Салцбушкиот фестивал.

Меѓународната програма за музичка стипендија Солвеј за млади креативци е креирана и водена од посветеноста на компанијата кон младите таленти од Северна Македонија, Украина и Гватемала и се состои од изборен дел во два дела. Во првиот изборен дел, кандидати посетуваат четиримесечен курс по англиски јазик и по завршувањето на курсот изработуваат креативна видео презентација на англиски јазик, преку која ги покажуваат своите способности и таленти. Жири комисијата претставувано од страна на Салцбуршкиот фестивал, креативниот тим на Опера камповите и претседателот на Управниот одбор на Солвеј Инвестмент Груп избираат по двајца финалисти од секоја држава и добиваат целосна стипендија, која ги покрива трошоците за патување, сместување, како и едукативни и забавни активности во Салцбург, Австрија.

Вкупно 17 ученици од Радовиш и Конче аплицираа годинава и го започнаа бесплатниот курс по англикси јазик, од кои 11 останаа до самиот крај на курсот и успешно го завршија. Изминатите години, доделувањето на сертификатите се одвиваше со церемонија проследена со забава за учениците, но годинава, почитувајќи ги препораките и заштитните мерки, сертификатите се доделени на отворен простор, посебно на учениците од општина Конче и на учениците од општина Радовиш. Новонастанатата ситуација, предизвикана од коронавирусот, ја преобликуваше програмата – изучувањето на англиски јазик продолжи да се одвива преку онлајн настава и овогодишниот летен камп е одложен, но сепак финалистите ќе имаат прилика за посета на Салцбург, кога ќе биде можно и безбедно за патување.

“Целиот свет е погоден од пандемијата и за жал летниот камп нема да биде спроведен, но штом ќе се отворат границите, ќе го исполниме нашето ветување и заедно со Салцбуршкиот фестивал, за нашите финалисти ќе организираме едно незаборавно патување во светот на операта.” – Дан Бронштејн, претседател на управниот одбор на Солвеј Инвестмент Груп.

“Им честитам на сите учесници за вложениот труд кои и покрај новосоздадените услови покажаа голема посветеност, упорност и истрајност. Четвртата генерација на учесници во образовната програма организирана од Солвеј се посебна генерација. Единаесет ученици продолжија со курсот по англиски јазик преку онлајн настава и успешно го завршија. Иако годинава летниот оперски камп во Салцбург е одложен поради коронавирусот, сепак на финалистите за постигнатиот успех ќе им биде овозможено патувањето во друга прилика.” изјави Николајчо Николов, заменик генерален директор на Бучим.

                                                                                    Кристина Крстева