Вемерето загуби во Ратево, Наџински грозно му се реваншира

Берово, 28.01.2017

  • Беровскиот градоначалник не најде 400 евра за малешевската атракција Ратевски бамбурци, а минатата есен најде 30.000 евра за гостување на Северина во Берово

Ратевски бамбурци, малешевската карневалска атракцијa, не доби пари од општина Берово за да оди на меѓународен карневалски фестивал во бугарскиот град Перник. За првпат во својата историја, групата која има освоено три златни медали за карневалски настапи во светот, не ги доби скромните 25.000 денари од општината. Овој скандал во Берово се коментира како освета на градоначалникот Драги Наџински кон селото кое од 2009 година гласа за опозицијата, а на последните предвремени парламентарни избори победата на СДСМ била најубедлива досега.

НаџинскиНаџински излезе со став дека буџетот на му бил усвоен, за што го обвини опозициското мнозинство во Советот на општината. Но, Јован Матеничарски, од СДСМ кој е и претседател на Советот на општина Берово, вели дека општината има времен буџет и дека тие мали пари градоначалникот да сакал лесно можел да ги намени за Ратевски бамбурци. –„Наџински не го сака Ратево бидејќи неговата партија таму во континуитет губи па тој на ваков начин му се осветува на селото“, за Исток прес вели Матеничарски.

Институцијата „Малешeвски карневал-Ратевски бамбурци“ постои веќе девет години. Тоа е карневалско семејство кое на светската сцена го претставува ритуалот во кој мажи маскирани во кожи од животни, со рогови на глава и клопотарци околу вратот го бркаат злото.

Инаку Наџински, минатата есен преку приватен бизнисмен најде пари за Северина да гостува во Берово. –„Тој се заложи максимално да ни дојде Северина, но не направи ништо нашата светост-Ратевските бамбурци да ја претстават нашата традиција и нашата култура во Перник, на свески карневалски фестивал. Тоа не му личи на еден татко на градот“, е коментарот на Малешевци.