ВИНИЦА ги чисти дивите депонии

Виница, 05.02.2018

Во Виница започна големата акција на расчистување на дивите депонии. Таа голема комунална и еколошка активност си ја превзеде ЈКП „Солидарност“.

Vinica komunalno cistenje„Денес ги чистимр дивите депонии околу филтер станицата и резервоарот за вода од кој пие Виница. Централно прашање е дали ќе се менуваат досегашните лоши навики на ромското население лоцирано околу овој важен винички простор. Депониите се создаваат преку ноќ и како такви отвораат дополнителна работа на ЈКП “Солидарност“, вели Игорчо Христов, директор на јавното комунално претпријатие.

Vinica komunalno cig maaloСпоред Христов индивидуалната негрижа на жителите во овој дел на Виница е товар на колективната еколошка свест. Тој вели дека виничките комуналци посакале да го искористат јануарското сонце поради што тие започнале со чистење на неколку диви депонии во градот.

„Почнавме од патот за Филтер станицата, пеодолживме со резервоарот кај Ромското маало, а во наредните денови ќе продолжиме и на други места. Во тек е тендерска постапка за набавка на нови 60 контејнери со кои ќе бидат покриени селата, па се надеваме дека постепено ќе ги менуваме лошите навики“, изјави Христов.

Инаку, во околината на градот најзагаден дел од несовесното однесување на поединци е пределот кај м.в. Дива Топола, покрај коритото на Градечка река и ридот покрај Ромското маало.