ВИНИЦА: Здружението на уметници „УМ“ со годишна изложба по повод 15 години постоење

Виница, 08.07.2020

Во сабота, на 11 овој месец, во 20 часот, во галеријата „Венеција“ во Виница, Здружението на уметници „УМ“ ќе ја има својата осма самостојна изложба на уметнички дела. Изложбата е по повод 15 годишнината од формирањето на ова здружение.

На изложбата посетителите ќе имаат убава можност да се сретната со делата на Благија Стојановска, Гордана Вренцоска, Дарко Богданов, Дејан Спасов, Катица Алексова, Маријана Спасова, Миливој Симеонов и Соња Димитрова.

Уметниците кои живеат во Виница како и уметниците кои се од овој град, а живеат во други места, меѓу кои и во Лондон, Софија и Скопје но потекнуваат од Виница ќе се претстават со вкупно 25 дела-керамика, графика, цртежи, масло на платно, акрил…

Токму Виница од новинарите во регионалниот центар „Исток“ кој е во рамките на ЗНМ го доби признанието „Град на културата во регионот за 2019 година“, а ова признание на градот ќе му биде врачено на 24 овој месец на специјалната „Ноќ на источните оскари“ која ќе се одржи во комплексот „Аурора“ на Беровско езеро.