ВИНИЦА: Со 8,5 милиони денари ќе се регулира Градечка Река

Виница, 01.06.2020

Со средства од Министерството за животна средина и просторно планирање, општина Виница ќе работи на регулација на коритото на Градечка река. Согласно договорот кој го потпиша градоначалникот Ивица Димитров, општина Виница ќе добие околу 8,5 милиони денари од вкупно предвидените 37.900 000 од Програмата за управување со води за 2020 година. Инаку, вкупната вредност на целиот проект за регулација на Градечка река е 9.991.691,00 денари, така да дел од средствата ќе бидат обезбедени и преку општинскиот Буџет, “Искрено, задоволен сум од сумата која ни ја одобри МЖС, и очекувам со овие средства да уредиме еден добар дел од коритото на Градечка река, со што овој дел од градот ќе добие и еден нов, урбанизиран лик кој сите ние одамна го посакуваме, а посебно жителите покрај кејот на реката“; рече градоначалникот Ивица Димитров.