Влада по тиранска, или по тиран(иј)ска платформа: Прашање е сега!?

Колумна на Веле Митаноски
Колумна на Веле Митаноски

Пратеникот Илија Димоски, по втор пат, ме почести со јавна дописка:  Веле бе, пријателе, си запнал по десет статуси на ден да пишуваш за да дочекаш да видиш влада составена со тиранска платформа…Зар сакаш во и Дебрца нов службен јазик?

Јавно прашање-јавен одговор. Нели е морално!? Пријателски и братски:

Иле, бе, драго пријателче! Од каде ти прочита дека јас сакам “во и Дебрца нов службен јазик”?Ајде, ако ти е заморно толку да читаш, отсега ќе пишувам само по 9 (девет)! Еве сосем кратко, знам дека времето ти е скапоцено: Која е разликата мегу “влада составена со тиранска платформа”…и влада составена со тираниска платформа!? Дали само затоа што во вторава има само две букви повеќе (ИJ)!?

ПС: Еве и едно потпрашање, драг Иле: Дали ти сакаш “да и во Охрид видиш нов службен јазик”!? На пример, во Фондот за здравство (кај Саше-со едното коренче од Црвена Вода-моја и твоја Дебрца!) , или во поштата во Охрид, или во подрачните единици во Охрид…?
Ако сакаш, еве види (приложена фотографија)! И “кој ни го тоа направи”, драг Иле!?

Прашањето што му го поставив на пријателот,  Илија, денеска,поради недобиениот одговор, го подигнав на највисоко ниво. Го испорачав кај пријателот  ЃОРЃИЈА! Те, нели, бевме блиски сороспии: Ти мене академско предавање, јас тебе хотелски ручек и малку хонорарче-колку за за патни и дневни!). Значи: Што е разликата измегу влада со тиранска платформа и влада со тиран(иј)ска платформа!?

За да не помислат Илија и Ѓорѓија дека ги распрашувам само “туѓите”, еве малку да им се навртам и на “своите”. Прашањето ми е како, при топлку искусни волци и итри лисици од партнерската коалиција( Ти-то-то,  Ли-ле-то …!),”другарот” Заев си дозволи за неговата визитација, вчерашна – кај Прецедателот, да ни “приопшти” вонредно Хорхе во 17 часот,а не тој самиот претходно? Зарем од визитацијата не осознал како ќе постапи одамна прочитаниот!?  И зошто отишол сам?Не мислам на партнерите и партнерките, туку на јавноста. Со таков “јунак” како Хорхе, нема шанси  да се бори со тајни, туку со јавни средства – со целата јавност зад себе.Исто, како и кога ги носеше потписите.

Кога веќе си зедов право да ги распрашувам Димоски,Иванов и Заев, “морално” беше, нешто даму напишам и на зоти Амети. Нешто во стилот: Не сади, по втор пат, компири-помина февруари!?

Откако не успеа, посредно, преку Бујар, Артан и Теута, да не разубеди дека заедничката изјава (платформата!) е напишана во Скопје, а не во “туга држава” (Прецедателот!), Зоти Амети, се почувствува за повикан да “приопшти”, дека “на ниту еден начин, или форма не ја нарушува државата, унитарниот карактер ниту, пак, станува збор за федерализација, или поделба”.”Ел Команданте”, малку задоцни со објаснувањето. Помина февруари, кога во 2001-та се садеа компири кај Танушевци! Професорот Љупчо Ристовски, со право, вели дека не е време за садење платформи, бидејќи почвените услови  “во овој момент на висока политичка сензитивност” (неговата екселенција- Бејли), не одговараат за такви посеви! Ај, пролетва, да ја подготвиме нивата, пак,здравје, за есенската сеидба и почвата ќе биде повлажна!!!

( И “морално” беше – двојазично !): Zoti Ahmeti, mos mbjellni për herë të dytë patate-kaloi shkurti!?

Pasi nuk arritët përmes Bujarit, Artanit dhe Teutës të na bindni se deklarata e përbashkët (Platforma) është shkruar në Shkup e jo në “shtet tjetër” (Precedateli), zoti Ahmeti ndihet i thirrur që të “komunikojë” se “në asnjë mënyrë ose formë nuk e prishë shtetin, karakterin unitary e as që bëhet fjalë për federalizim ose ndarje”. “El Komandant”, pak je vonuar me sqarimin. Kaloi shkurti kur më 2001-in mbilleshin patatet afër Tanushës! Profesor Lupço Ristovski, me të drejtë shprehet se nuk është koha për mbjelljen e platformave, sepse kushtet e tokës “ në këtë moment të sensitivitetit të lartë ëpolitik (Ekselenca e tij Bejli), nuk përshtaten për mbjellje të tilla. Hajde pra në pranverë ta pregatisim arën, dhe shëndet, e për mbjelljet vjeshtore, toka do të ketë më shumë lagështi!!!