Во Виница изложба на дела од МЛК “Карпино 2016“

Виница, 10.02.2017

Во фоајето на Домот за култура “Тошо Арсов“  во Виница денеска беше отворена изложбата на слики од 14-та Меѓународна ликовна колонија “Карпино 2016“.

Виничани имаа можност да проследат 25 дела од уметници од повеќе држави кои учествуваа на оваа традиционална колонија,чиј организатор е здружението на граѓани, Мултимедијален Центар “Карпино“. Делата се работени во класична и комбинирана сликарска техника.

IZLOZBA VINICA-Веќе 15 години славиме пивтијада, а оваа година ја очекуваме 15-та колонија.  Во нашата јубилејна година имаме 200-250 слики, а само во 14-та ликовна колонија имаше над 30 изработени дела, а во Виница се изложени 24 уметнички дела. Наш приоритет и наша задача е колонијата секоја година да биде поквалитетна,со поголем број на уметници, истакна Зоран Павловски од Мултимедијалниот Центар во Куманово.

Делата од  оваа ликовна колонија ќе бидат изложени до 20-ти фебруари, а денешното отварање на изложбата “Карпино“, беше збогатено со музички настап на учениците од Школата за гитара.