Во Делчево ништо не е како што некогаш беше

Делчево, 01.07.2020

  • По анализата за државните инвестиции во Малешевијата, овојпат ги анализираме реализираните инвестиции значајни за Општина Делчево и целиот Пијанечки крај

И Делчево се менува. Станува поубав град во кој неговите жители добиваат услови и  можност за квалитетен живот во секоја смисла. Со пари од државниот буџет и дел сопствени средства, но и со умешно аплицирање за грантови кои на нашата држава и ги доделуваат други, развиени европски земји, Општина Делчево денес не е како што некогаш беше

Ако порано од Кочани преку браната Калиманци и рударска Македонска Каменица до Делчево се возеше по прилично амортизиран пат полн со опасности, денес тоа повеќе не е така. Во изминатите три години Владата ја финансираше рехабилитацијата на овој магистрален пат кој води до границата со Бугарија со еден милион евра. Со дополнителни 400.000 евра е финансиран автопатот од Делчево до Звегор , село близу Македонско-Бугарската граница, а со уште еден милион евра е рехабилитиран и патот Делчево-Пехчево со што два преубави краја – Пијанецот и Малешевијата – се поврзани на еден исклучително квалитетен начин.

Всушност, за изградба на квалитетна локална патна мрежа во третата изборна единица (или: изборна единица број три) , во вкупно 24 општини, Владата инвестираше близу 20 милиони евра, пари кои се грант од  Светска банка. Дел од тие средства се вложени во Пијанечкиот крај. Така, населбата Басарица доби убави улица влагодарение на влогот од 400.000 евра од државниот буџет, а оваа населба до село Полето е изградена и фекална канализација.

Но, тоа не е се кога е во прашање подобрување на патната инфраструктура која има врска со Делчево и блиските на него општини. Така, на потегот Кочани-Делчево со државни 360.000 евра се рехабилитирани 16 мостови со што патувањето за возачите  е направено да биде и побезбедно и поспокојно.

Ако државата во изминатите три години (конечно) реши да го „одврзе ќесето“ (буџетот) за најнеразвиениот свој регион, треба да се одбележи дека и локалната власт придодаде низа свои активности и, секако пари од локалниот буџет и грантови од развиени земји, за подобрување на квалитетот на животот и разубавување пред се на општинскиот центар. Па така Делчево денес има асфалт до секоја куќа, квалитетна вода за пиење за секое населено место и речиси за секое домакинство,  градот го доби и својот прв пешачки мост на реката Брегалница што е и бисерен украс на неговото лице и е прво вакво остварување во севкупната историја на постоењето на Делчево. Пред крај на изградба е и Градска капела за достојно испраќање на покојните, се вложи значајна сума на пари во процесот на одвојување на фекалната од атмосферската канализација во населбата Миково Брдо-2

Еден од најважните проекти што се реализира на полето на водоснабдувањето е имплементацијата на најголемиот проект досега во историјата на Делчево што е донација вредна 7,3 милиони швајцарски франци од кои 6 милиони е донација од Швајцарската Конфедерација, а останатото во износ од 1, 3 милиони швајцарски франци е поддршка од Минситерството за животна средина и 30.000 швајцарски франци е кофинансирање од Општина Делчево.

Во рамките на големиот проект „Водоснабдување на Делчево“ во консултација со швајцарски консултанти се извршени истражувања на теренот, со нуркачка опрема снимена е акумулацијата Лошана, извршено е мерење на проток и притисок на водата во системот и слично. Во овој период Општина Делчево работи на планската документација за прочистителната станица и фотоволтаичната централа, како и за пристапниот пат. Со овој проект чија имплементација треба да заврши за неполни три години се обезбедува квалитетна вода за пиење и доволно вода со минимум загуби. Освен Делчево и населените места Габрово и Ѕвегор, Град и Тработивиште, планирано е кон овој систем ќе се приклучи и селото Вирче.