ВО КОЧАНИ НА „ТРИ ВО ЕДНО“

685

Кочани, 01.03.2017

Во организација на ЗГ „АРМ“ и Домот на култура „Бели мугри“ –Кочани, во петок на 03.03.2017 во 18,00 часот во фоаето на домот ќе се одржи промоција на илустрираната антологија на еротски афоризми „Будење на петолот“.

Во оваа антологиско издание со избор еротски илустрирани афоризми се застапени преку сто сатиричари од Македонија, Србија, Црна Гора, БИХ, Хрватска, Република Српска, Бугарија, Полска и Русија, а ја подготвија карикатуристот Миро Георгијевски и сатиричарот Миле Ѓорѓијоски.

16999221_10206602231733879_7724899579544394913_n          Во фоаето на домот ќе се одржи и изложба на илус- трирани афоризми кои се дел од книгата „Будење на пете- от“.

Богатата културна програма ќе биде заокружена со „Вечер на Македонски хумор и сатира“, на која со избор од своето творештво ќе настапат македонските сатиричари Васил Толевски, Витомир Долински, Ленче Стоименова, Јане Атанасов и Миле Ѓорѓијоски.