Во развојот во третата изборна единица Владата нa СДСМ инвестираше над 100 милиони евра

  • Во првата анализа за развојните инвестиции во третата изборна единица ги донесуваме владините инвестиции во Малешевијата

Штип, 28.06.2020

Во третата изборна единица ништо не е како што некогаш беше. Пресвртот го донесе владата на СДСМ која со промислена и реална развојна политика, од денот кога дојде на власт, реши да инвестира во најнеразвиените региони, а тоа е токму оваа изборна единица.

Во периодот од средината на 2017 до денес, во вкупно 24 општини во третата изборна единица, Владата вложи точно 100.895.000 евра. Такви пари во еден толку кус период овие општини не познаваат од осамостојувањето на нашата татковина.

Потребни е огромен медиумски простор за сé она кое оваа влада го направи потврдувајќи го на дело својот предизборен слоган „За живот во Македонија“.

И само поради аргументот како сила на вистината, одлучивме со нашата јавност да ги споделиме остварувањата по микро региони. Почетокот го посветуваме на инвестициите во Малешевијата, нашиот најубав крај, а во исто време силно запоставуван последните 11 години од владеењето на ВМРО ДПМНЕ.

Се до пред три и нешто години за Малешевија како подрачје се говореше дека „И Господ Бог кренал раце од него“. Но овој преубав микро регион денес е една сосема поинаква, пооптимистична приказна од било кога во последните речиси две децении.

Услов број еден за економски развој како основа на секој и секаков друг напредок во сите сфери од нашето живеење е поврзувањето на подрачјата со квалитетни патишта. Малешевскиот крај во овој битен сегмент доби најмногу во овие нешто повеќе од три години.

А имено:

Со државни пари рехабилитиран е патот Берово-Струмица, 11 најпроблематични километри од патото Виница-Берово исто така квалитетно се рехабилитирани, а на оваа патна насока на најдолгиот мост, во тековната година се вложуваат над 526.000 евра. Нашата држава ќе се поврзе со уште еден граничен премин кон Бугарија, а тоа е преминот Клепало, кој половина век се поврзува и никако да се поврзе. Од пат по кој можеше да си го искршиш автомобилот оваа сообраќајница денес е пат по кој е милина да се вози зашто води низ прекрасните Малешевски простори каде струи кислород четврт по квалитет во светот. Овој премин е услов за нова филозофија пред се во туристичкиот развој на Малешевијата, на општините Берово и Пехчево, зашто преку него и Клепало Малешевијата, преку најкусо сообраќајно решение, наскоро ќе се поврзе со значајните туристички места во соседна Бугарија. Тоа, споре искажувањето на еден од најискусните туристички работници во државата и во југоисточна Европа Славчо Сирачевски, сопственик на туристичкиор рај „Аурора рисорт и спа“ на Беровското езеро, ќе има значење и за стопанскиот развој на целиот овој преубав крај.

Токму во овој период жителите на селото Ратево конечно беа приклучени на цевководот од регионалниот водоснабдителен систем на Општина Берово, а во тек на изградба е зафат и цевковод со што квалитетна вода за пиење ќе добијат и жителите на селото Двориште.

Берово својата надеж за забрзан економски развој го гледа пред се во туризмот. Владата издвои 2,3 милиони евра за заштита на Беровско езеро како туристички бисер во ова подрачје, за продолжување на колекторот кој фекалиите од туристичката населба ќе ги носи на безбедна дестинација со што се зачувува и езерото и природната животна средина на подрачјето. Кога сме кај заштитата на животната средина за одбележување е и податокот дека детската градинка „23 август“ во Берово доби пречистувач на воздух.

Во Пехчево е инвестирано во реконструкција на паралелката на гимназијата „Ацо Русковски“ од Берово, а за опрема на Општинската јавна установа за социјална заштита на стари лица „Д-р Иван Влашки“ во Берово вложени се околу 2,3 милиони евра. Овде е планирана изградба за дневни центри за лица со попреченост во развојот.

Владата предводена од СДСМ обезбеди техничка документација за изградба на секундарна пречистителна станица во Пехчево која ќе се поврзе со пречистителната станица во Берово, а средствата се од програмата на ИПА фондовите на Европската унија. Правото секој граѓанин на ашата држава да има достап до квалитетна вода за пиење го добиваат и пехчевци.

Од оваа промислена развојна стратегија на Владата, корист имаа и жителите на пехчевското село Панчарево каде комплетно е реконструиран селскиот дом, процес во кој се инвестирани 1,9 милиони денари.

Оваа влада покажа голема грижа и за потребите на жителите на руралните средини во Малешевскиот крај. Покрај веќе погоре спомнатите инвестиции, со 13,1 милиони денари, Владата ја финансира и реконструкција на патото од селото Владимирово до регионалниот пат, а со инвестиција од 1,2 милиони денари е изграден пристапен пат од селото Русиново до земјоделското земјиште.

Во целата оваа убава приказна свое место има и Центарот за развој на Источниот плански регион. Над 5 милиони денари преку овој Центар се вложени во развојот на селата по секоја основа.

                                                                                    Иван Бојаџиски