Во штипските училишта на родителите им бил делен пропаганден материјал

24.11.2016

Без ниту тронка срам, владеачката ВМРО ДПМНЕ продолжува со грубо кршење на изборниот закон. Партиски послушници на  ВМРО ДПМНЕ, вработени во  основните училишта, чија компетентност  се ценеше само преку поседување на партиската книшка, се дрзнуваат  да делат пропаганден материјал во училиштето за време на  родителските средби. Ова на прес конференција го соопшти Владимир Милошев, лидер на штипските социјалдемократи и кандидат за пратеник во третата изборна единица.

Милошев рече дека памфлети со отчет за сработеното од страна на владата биле делени на родителите , на одржаните родителски состаноци. Тој потсети дека тоа е спротивно на Законот за избори како и на Законот за вработени во јавниот сектор, во кој  децидно стои дека во тек на работното време, вработените во државните институции не смеат директно да учествуваат во изборни активности или други јавни настапи од таков вид.

„Ова преставува сериозно кривично дело и за ова ќе  се одговара“, рече Милошев. Тој додаде дека за ВМРО ДПМНЕ ниту најмалите, нашите деца немаат вредност.

СДСМ на граѓаните им нуди план кој ќе овозможи наставниците и професорите да бидат ослободени од партиските стеги и целосно посветени на своја работа и креативност. Ќе ги наградиме најдобрите основни и средни училишта и ќе ја покачиме платата на најдобрите наставници и професори за 20% ;

-Ќе ја намалиме административната работа на наставниците и професорите;

-Фондот на часови за професорите и наставниците со стаж над 20 години ќе биде намален и ќе имаат можност да станат ментори;

-Екстерното тестирање веднаш по превземањето на власта ќе биде укинато;

– Социјалдемократскиот сојуз ќе го зајакне капацитетот на професорскиот кадар и ќе го поддржи развојот на Универзитетот „Гоце Делчев“;

На 11 декември граѓаните ќе направат избор кој нуди вистински план за Македонија, посочи лидерот на ОО на СДСМ Штип.