Груевски од Охрид: одиме на 63 пратеници

Охрид, 21.11.2016

Сега му е мајката да им покажеме што е Македонија. Одиме на голема победа, одиме на 63 пратеници – им се обрати вечерва лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски,на повеќе десетици илјади присутни на градскиот плоштад Свети Климент Охридски во Охрид.

Коалицијата за подобра Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, согласно традицијата, изборната кампања ја започнува од овој град кој во последниве 6 изборни циклуси им донесолпобеда на изборите.

Покрај тоа што упати низа критики кон опозицијата, СДСМ и Зоран Заев, Груевски најповеќе говореше за новата програма, како што рече најголема од 500 страници со рокови и обврски, при што најави 600 нови милиони евра за субвенции за земјоделците, креирање на 70 илјади нови работни места, нови мерки за рестартирање на индустриските капацитети, смалување на невработеноста на 17 проценти.

За Коалицијата за подобра Македонија и натаму во фокусот ќе бидат пензионерите, кои ќе добијат зголемување од 10, 5 проценти, додека најниската плата ќе се дефинира на 14 илјади денари.
Груевски најави нови инвестиции, завршување на 3 автопатишта кои се во завршна изградба како и започнување на уште три нови.

Поради големиот број автобуси и други возила Охрид, попладнево и вечерва, беше под целосна окупација од страна на членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ, што создаде долги колони, нервоза, потешкотии во нормалното регулирање на сообраќајот.
Поголемиот број од присутните на митионгот допатуваа од сите краишта на Македонија.                                                                                            (в.б.)