ДАЛИ ЌЕ БИДЕ ИСТО ИЛИ БЕТЕР

Пишува: Вера Кујумџиева
Пишува: Вера Кујумџиева

Власта ги направи конфекциите како концетрационен логор за работничките.Во моментот актуелната владеачка структура ги нуди граѓаните на Република Македонија како робови на пазарот на труд, а во отсуство на елементарна заштита на нивните права во државата, таа станува заштитник на робовладетелите.ВМРО-ДПМНЕ го понижи македонскиот работник! Енормната стапка на невработеност, странските квази-инвестиции, негативните измени на регулативата, корумпираните институции и целосната партизираност ги направија работниците да бидат модерни робови. Истражувањата го потврдуваат она што сите ние го знаеме. Трудот е целосно обезвреднет и неговата цена е сведена на ниво кое не може да ги задоволи ни основните потреби. Платите се толку ниски што домаќинствата не можат да си ја дозволат ни потрошувачката кошница, односно оној минимум кој е потребен за живот. Работникот во Р Македонија редовно работи прекувремено, многу часови над законскиот максимум. Притоа, прекувремената работа најчесто не се плаќа според одредбите на Општиот колективен договор. Сепак, инспекциите никаде ги нема кога треба да се заштити работникот. Не се почитува ни правото на одмор. Многумина работници воопшто не добиваат одмор или добиваат неплатен одмор. Од оние кои добиваат одмор- вообичаено не добиваат онолку денови колку што одредува Законот за работни односи. Една третина од работниците велат дека чувствуваат дискриминација на работното место, половината одговориле дека чувствуваат мобинг на работното место, а 36% одговориле дека не се чувствуваат безбедно на своето работно место. Институциите на државата станаа инструмент на работодавачите и ги штитат нивните интереси, наместо да бидат заштитници на работниците. .Работното време го инсталираа текстилните газди преку своите таканаречени шефови,кои патем беа наградени со банкноти од 500 ден.Работниците го прифатија работното време до бесвест,бидејќи беа дотерани на даската за одстрел,и немаа каде повеќе.Во 24 часа работеа по две смени или 16 часа.Топлиот оброк им се укина,како и бесплатниот превоз до работното место.Но види чудо,тие упорно доаѓаа во производните хали, оставајќи дома болни деца,нормално без подготвени оброци,и испеглана гардероба, и многу друќи потреби за нивните фамилии,бидејќи несмеат да останат на боледување.Тој терк на работа го пренесоа и сите останати менаџери од останатите сектори,а власта нормално ни да мрдне со прст.Т.Е. трудовата инспекција напредуваше само во килажа. За 3 дена, на 12.12 2016 ќе дознаеме дали ќе биде бетер или ќе остане исто.