ДЕБАТА ЗА МРТВ: Фалат пари, ама фали и домашна и странска ревизија

Скопје, 31.05.2018

Како до вистински силен, независен јавен информативен сервис? Како до финансиска но и политичка независност, како едно од темелните барања на ЕУ? На овие прашање денеска се дебатираше во Скопе, во клубот на Здружението на новинари чија беше и организација.

AS01            Повод за дебатата беше едно досега најобемно истражување за социо-економската положба на новинарите од североисточниот, источниот и југоисточниот регион со посебен осврт на односот на Јавниот сервис кон над 520.000 граѓани на Македонија кои живеат на овој простор. Ова истражување направено во втората половина од минатата година од штипските новинари Игор Стојанов, Тони Михаилов и Иван Бојаџиски пред присутните го анализираше новинарот Игор Стојанов.

-На просторот кој беше цел на истражувачката новинарска екипа за МРТВ работат само тројца новинари кои  се во редовен работен однос. Сите тие се на работа во радиото додека телевизијата нема ниту еден вработен. Тоа говори дека јавниот сервис некоректно се однесува кон еден огромен број граѓани на нашава држава од чии места нема доволно или воопшто не стигаат информации.  Дописништвата во многу места се укинати, во Штип е дадено на угостители, во Струмица состојбата со ништо не е подобра, во Куманово  исто така не е во функција“, потенцира Стојанов.

Насер Селмани, претседател на ЗНМ, оцени дека без сериозни реформи во МРТВ нема да имаме ниту реформи во медиумската сфера вооопшто.-„На МРТВ и е неопходна политичка и финансиска независност, а тоа не е наша измислица, тоа е нешто кое функционира во развиена Европа и кое е препорака на Европа и за нас“, посочи Селмани.

AS03            Тони Михаилов, еден од учесниците во истражувањето потсети дека ЗНМ има легитимитет да каже каков јавен сервис ни е неопходен. –„Ако тоа не го направи ЗНМ, не знам кој друг би го направил. Оваа дебата е потребна и е токму во една таква насока“, рече Михаилов.

За Иван Бојаџиски, исто така учесник во обемното истражување, кој четири години бил член на Советот на МРТВ и претседател на Програмската комисија, не е нејасно зошто јавниот сервис не си ја врши функцијата.

„МРТВ, во сите овие години на нашата самостојност, доброволно се предаваше/продаваше на политичкиот интерес на секоја од владеачките партии поради што граѓаните ја имаа „прочитано“, и редовно искажуваа голема недоверба кон јавната работа на јавниот сервис. Тој момент е најбитен, иако е битна и финансиската самостојност кој 25 години никако да се обезбеди. Но, освен неопходните 30 милиони евра, кои сега ги нема, на јавниот сервис му се неопходни млади, способни, стручни, храбри луѓе во сите негови сегменти за тој да си го добие вистинското значење во нашето општество и во нашата држава. Всушнст, на јавниот сервис му е неопходна автономија за да може одговорно и квалитетно да си ја извршува задачата“, заклучи Бојаџиски.

AS02Интересно е што, иако беа поканети на дебатата, на неа не дојде никој од раководството на МРТВ. Затоа пак во дебатата учествуваше една респектибилна група вработени кои исклучително критички се осврнаа на состојбите во јавниот сервис. Некои од нив побараа во куќата да влезат две ревизорски групи, една наша другата од странство…

„Состојбата „плаче“ за комплетна ревизија во сите сегменти на јавниот сервис. Кога кај нас би влегле ревизори, само во таков случај ќе може да се види целата катастрофична состојба во која е доведена МРТВ. На јавниот сервис му е потребен генерален ремонт, не е се и само до парите многу тоа е до неспособните раководства кои ги поставуваат партиите“, рекоа некои од вработените.