Делегација на МСУ “Г.Р.Державин“ во посета на универзитетот во Велико Трниово

- Убав почеток на академската година во Велико трново, Бугарија

Свети Николе, 02.10.2017

Делегација на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во моментов е во посета на партнерскиот универзитет од Велико Трново. Посетата е во рамките на свеченостите по повод почетокот на новата академска година.

На свеченоста во Велико трново, пред студентите , професорите и гостите говореше Јордан Ѓорчев
На свеченоста во Велико трново, пред студентите , професорите и гостите говореше Јордан Ѓорчев

Делегацијата беше примена од ректорот, проф. д-р Христо Бонджолов. Отворањето на 55-тата учебна година на Великотрновскиот универзитет започна со обраќање на ректорот, проф. д-р Христо Бонджолов пред новите 2666 студенти.

Проф.д-р Христо Бонджолов, ректор на Универзитетот во Велико Трново и проф.д-р Јордан Ѓорчев, претседател на УО на МСУ Свети Николе-Битола
Проф.д-р Христо Бонджолов, ректор на Универзитетот во Велико Трново и проф.д-р Јордан Ѓорчев, претседател на УО на МСУ Свети Николе-Битола

Во рамки на свеченоста, помеѓу другите гости и професори на студентите се обрати и претседателот на Управен Одбор на МСУ проф. д-р Јордан Ѓорчев кој на бруцошите им го честита почетокот на новата академската година. На свеченоста присуствуваше и делегација од Тверскиот државен универзитет од Твер, Русија.

(м.г)