ДЕЛЧЕВО: Македонското и знамето на Општина Делчево се развеаја на Јулијските Алпи

Делчево, 05.08.2019

Претставникот од ПСК „Голак“ од Делчево, Љупчо Чучуковски кој беше дел од експедицијата „Трилогија Алпи 2019“ ги развеја општинското и македонското знаме на највисоките врвови на Алпите.

67839901_2346588485435892_6357510273435172864_n_800x600Осумчлената делегација ги освоила врвовите: ТРИГЛАВ 2864 м.н.в. на масивот ЈУЛИСКИ АЛПИ во Словенија, потоа врвот ГРАНД ПАРАДИЗО 4061 м.н.в. на масивот ГРЕЈСКИ АЛПИ во Италија и врвот ЗУМСТЕИН 4563 м.н.в. кој се наоѓа на масивот ВАЛЕСАНСКИ АЛПИ (МОНТЕ РОСА) во Швајцарија.

Чучуковски истакна дека бил дел од една прекрасна алпска трилогија.

67674566_2473149432932689_6373813904866279424_n_800x600 – Изминатите 10 дена, бев дел од 8 члената експедиција за искачување врвови на три различни масиви на АЛПИТЕ. Експедицијата беше организирана од Макпетрол Скопје (Со главен водич Петар Герасимов) со кое Друшто имам повеќегодишна соработка. Експедицијата беше составена од искусни високогорци од Скопје, Куманово, Струга и од Делчево.. Техничкиот дел на патеките беше различен. Се поминуваше по камењари, по сипари, по ВИА ФЕРАТА, по глечери, по снежни површини, се одеше во наврска со цепини и дерези,по најразлични временски услови. Голем предизвик и една прекрасна  алпска трилогија, рече Чучуковски.