ДЕЛЧЕВО: „Милтекс-кал“ бесплатно шие 6.000 заштитни маски

Делчево, 23.03.2020

Во делчевската фирма „Милтекс-кал“, деновиве интензивно се шијат  платнени заштитни маски за лице. Тие ќе бидат донирани за потребите на делчевската полиција, здравствените работници,вработените во царинската испостава Делчево, на пожарникарите, на сите ученици од основно и средно образование. кои ќе им бидат поделени преку нивните класни раководители и мобилни тимови формирани од општината, на децата од Дневниот центар, на Здружението на пензионери и на сите лица од социјално ранливите категории.

„Милтекс-кал“ изработува околу 6000 парчиња маски, од платно за повеќекратна употреба. Платното за изработка на маските го обезбеди Општина Делчево од беровската фирма „Алкалоид“, додека сопственикот на фирмата, Миле Иванов, доброволно и бесплатно ќе ги сошие маските.

Градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковски, ја поздрави оваа иницијатива на Миле Иванов истакнувајќи дека хуманоста и општествента одговорност се најпотребни во време како што е оваа криза.

Изразувам благодарност до нашиот сограѓанин Иванов, кој несебично се понуди за потребите на граѓаните да ги сошие овие маски. Сега е време за сериозни одлуки и постапки, сега е време да си помагаме едни на други и да обебзедиме заштита за нашите вработни во полицијата, здравствените работници, пожарникарите, но и за други граѓани кои секојдневно се на работните места со цел ние, граѓаните, да бидеме заштитени. Јас ги повикувам и другите фирми од Делчево да покажат иницијатива и на свој начин да ја покажат својата хуманост и општествена одвогорност. Како градоначалник сум во преговори и со други текстилни фабрики, за во најкраток можен рок да се изработат уште околу 8.000 маски за да може да ги снабдиме сите наши сограѓани, рече Трајковски,

Маските ќе почнат да се дистрибуираат од денеска.

Д.Такева