Делчево на посебен начин го одбележа Денот на ослободувањето

Делчево, 08.09.2017

Со полагање венци на споменикот на паднатите борци од НОБ, со свечен коктел приреден од градоначалникот Дарко Шехтански, со големо оро на кое се фатија стотина делчевци, со печење сливова ракија и со настап на познати афористичари и карикатуристи од државава, Делчево ги одбележа 7 септември, Денот на ослободувањето на градот и 8 септември, Денот на независноста на Република Македонија.

Aforisticari Delcevo 2017
Афористичарите Долински, Толевски, Ѓорѓијоски, Ангеловски и Сиљановски приредија делчевска ноќ за незаборав

Импресивна беше синоќешната глетка кога на убавиот плоштад покрај реката Брегалница, се собраа стотици жители на овој град како и гости од други наши места и од соседна Бугарија и се фатија на големо оро кое траеше со часови под звуците на прекраснио музички состав „Делчевски боеми“. На орото се беа фатиле и девојќи и момчиња во народна носија, членови на КУД при Домот на културата „Никола Јонко Вапцаров“, а посебен квалитет на целиот убав настан му дадоа истканати афористичари и карикатуристи од Македонија.

Со свои афоризми кои ги разгалија срцата на присутните настапија Миле Ѓорѓијоски, кој е и главен архитект на Фестивалот на афоризам и карикатура што секоја година во ова време се одржува во Делчево. Импресивен беше настапот на Ѓорѓијоски, Љупчо Сиљаноски, Васил Толевски, Марјан Ангеловски,  Витомир Долински и карикатуристите  Блаже Докуле и Миро Георѓијевски кои имаа отворено студио на цртежи со учениците од делчевските основни училишта. Афористичарите пак одржаа часови по афористиката во двете основни училишта и во гимназијата „Методија Митевски-Брицо“ во Делчево.