Д-р Сашко Николов и тимот при кардиоваскуларна медицина спасија нога на пациент од Свети Николе

Штип, 06.06.2019

Пензионер од Свети Николе живеел со помисла дека ќе ја загуби левата нога поради силна гангрена на прстите. Во скопска клиника му било речено „таму“ да не чепка (да не се интервенира воопшто на ногата) но откако состојбата му се влошила се јавил на одделот за ортопедија при Клиничката болница во Штип.Одтаму, по обавените прегледи, пациентот итно бил префрлен на одделот за кардиоваскуларна медицина во истата болница каде „под свое“ го зема д-р Сашко Николов, субспецијалист, интервентен кардиолог.

62436358_665739337209961_7255231993909084160_n
Д-р Сашко Николов со пациентот од Свети Николе

-На пациентот веднаш му направивме доплер на долните екстермитети и ехо на срцето, а по компјутерското снимање се потврди дијагнозата од ехо анхиографијата дека има запушена потколеница на левата нога и 99 проценти запушена артерија на десната нога.Поради акутноста на состојбата во која пациентот беше донесен кај нас со гангрена на левото стапало, тој итно беше внесен во ангиогравската сала каде направивме интервентно стентирање на потколеничните артерии на левата нога. Интервенцијата траеше три час при што пациентот беше буден и со него  разговаравме, за по еден час тој да почувствува топлина во целото лево стапало. Ден по операцијата пациентот беше вратен на ортопедија заради преврски на гангренозното сапало, а три дена потоа беше отпуштен од Клиничка болница Штип, вели д-р Николов.

По еден месец пациентото беше дојден на контрола.

-Гангрената на левото стапало речиси беше сосема повлечена, на прстите им беше вратена функционалноста и бојата, а пацинетот даде интересен коментар дека сега левата нога ја користи за да си ја стопли десната! Затоа решивме побрзо да  направиме инрервенција и на десната нога каде вградивме два стента, интервенцијата траеше 90 минути, и со тоа го решвивме и овој здравствен проблем на пациентот, укажува д-р Николов.

Д-р НИКОЛОВ    Наша тенденција е на луѓето да им ги спасуваме рацете и нозете како што им ги спасуваме срцата…Нашиот тим е подготвен квалитетно да одговори на ваквите предизвици…

Од 2014 година до денес на одделот за кардиоваскуларна медицинина при Клиничката болница во Штип се извршени над сто интервенции на екстермитетите (раце и нозе) и на бубрежните артерии. Д-р Сашко Николов вели дека нивна тенденција е да ги спасуваат нозете и рацете на луѓето како што ги спасуваат нивните срца.

-Нашиот најголем проблем е во неинформираноста на луѓето од Источниот регион за тоа дека кај нас се вршат ваков тип на интервенции, а имаме и доктори на овој терен кои не знаат за тоа и не ги информираат пациентите. Треба да се каже и тоа дека до 2017 година фалеа многу материјални средства за работа, но откако за директор на Клиничка болница дојде д-р Ален Георгијев, работите драматично се променија на подобро. Минатата година беше поправне и апаратот почнавме со активно, секојдневно стентирање, а одтогаш работиме во континуитет и без застој цела година. Во овој период бројот на пациенти кај нас драстично е зголемен бидејќи веќе никого не го препраќаме во скопските клиники зашто имаме доволно материјал, знаење и успешен тим за тоа. Всушност, ние сме голема бариера на одење на пациенти  од регионот кон Скопје, додава д-р Николов.

Ако до пред една година на овој оддел имало до 30 пациенти месечно, денес таа бројка се искачи на 48. Вчера е направена и доста сложена интервенција стентирање на вратна артерија. Се работи за артерија која го храни мозокот, пациентот денес е во одлична општа здравствена состојба и утре ќе биде отпуштен на домашна нега.

Пензионерот од Свети Николе со кого ја започнавме оваа убава приказна вели дека со поблемот се мачел десет години.

-Моите нозе беа како да се во ладилник за длабоко замрзнување, толку многу беа студени. Едвај се движев, имав болка во листовите, неподносливи болки при секое движење, а денес, благодарение на д-р Саше Николов се е поинаку. Бескрајно сум благодарен на докторот и на сиот друг персонал зашто ми донесоа нов живот со сите убавни кои само на здрав човек можат да му се случат, вели пациентот.