Д-р Сашко НИКОЛОВ: Како што бев и сум доктор кој посветено се грижи за здравјето на граѓаните, така ќа бидам и пратеник кој ќе работи на благосостојбата на сите во нашата татковина

Штип, 25.07.2020

Д-р Сашко Николов, интервентен кардилог при Клиничката болница Штип, кандидат за пратеник во третата изборна единица од листата на СДСМ и коалицијата, денес, на своја иницијатива, имаше работна средба со телесните инвалиди од Штип. Идејата на д-р Николов беше оваа категорија граѓани да ги добијат сите неопходни и корисни информации во однос на Ковид 19 за подобра заштита од заразата.

-Слушајте ги и почитувајте ги мерките кои ви ги препорачуваат здравствените работници, а не било кој друг. Само тоа што тие ќе ви го кажат е точни и научно докажано како да се однесуваме во услови на оваа пандемија. Проветрувајте ги почесто вашите простории, редовно мијте раце, без маска на лице не излагувајте од дома, не се групирајте, држете растојани од два метри еден од друг…Маската на лицето да не ви ја покрива само устата туку и носот зашто и преку него дишеме и можеме да се заразиме ако не сме внимателни, порача д-р Николов.

Тој рече дека и самиот бил разочаран од однесувањето на некои граѓани кои не почитуваат никакви мерки.

bl01-Ако не ги проветруваме просториите во нашите станови и куќи ризикуваме вирусот доколку на некој начин сме го внеле дома да остане подолго да ни се заканува. Дезинфекцијата на работните површини кои најчесто ги допираме со раце мора да биде редовна и квалитетна. Разочарам сум од поединци и групи кои иако знаеја дека не смеат да се групираат, го правеа тоа и така придонесоа врусот да се шири. Мора да ги почитуваме сите мерки зашто не постои друг начин да го спречиме, а со тоа да си го сочуваме најдрагоценотот, а тоа е здравјето, рече д-р Николов.

Тој посочи дека  министерот за здравство д-р Венко Филипче и Комисијата за здравство на еден извонреден начин придонеле да се спречи можноста од ширење на вирусот кај поголем број граѓани во нашата држава.

-Тие го направија најдоброто што во вакви околности можеше да се направи. И здравствените работници дадоа и повеќе од можното во борбата за спас на многу животи. Но, никаде во светот па ниту кај нас не можеше и не може да се сопре целосното функционирање на социјалниот живот. Сепак, и во такви околности треба да се биде крајно внимателен и да се почитуваат мерките за штетите по здравјето и животот на луѓето да бидат што помали, нагласи д-р Николов.

Тој им вети на присутните дека и кога ќе стане пратеник ќе продолжи да се грижи за доброто здравје на пациентите.

-Парламентот со работа започнува од 11 часот, јас сум научен на работа, ранобудник сум, ќе станувам рано наутро за со моите прекрасни колеги во Клиничка болница Штип да стентирам, да работам на заштита на здравјето и животот на граѓаните од регионот на кои таква заштита им е неопходна. Бидете сигурни дека во мене, како и досега ќе го имате најголемиот пријател на вашето здравје, а по 15 јуни кога СДСМ и коалицијата ќе ја формираат новата влада, ќе го имате и човекот-пратеник кој упорно и посветено ќе работи на носење закони кои ќе бидат од добробит за сите граѓани на оваа наша убава држава, без оглед на етничка, религиозна или било каква друга припадност,им порача на телесните инвалиди д-р Сашко Николов.