Единствената грешка на Заев

Штип, 02.05.2017

  • Заев погреши во верувањето дека со нашиот режим може да биде изведена Гандиевска револуција. Без насилство од другата страна. Јас и денес сум на став дека животот на Зоран Заев е сеуште загрозен. И денес мислам дека кучињата-убијци отпуштени од Идризово со амнестијата на Иванов за да тепаат во Парламентот, сеуште се жедни да пијат нечија крав за сметка на својот драг водач…
Пишува: Иван Бојаџиски
Пишува: Иван Бојаџиски

Вон секое сомнение е тоа дека Зоран Заев, нашиот нов премиер, маестрално ја водеше политичката игра во најпресудните моменти за демократскиот опстој, а со тоа и за севкупниот просперитет и убава иднина на Република Македонија која поголемиот дел од граѓаните ја заслужуваат. За држава која ќе има човечки лик и како таква ќе функционира долго време. Барем јас така во тоа сум убеден.

За сето ова време по последните парламентарни избори, значи за време од околу пет месеци, Зоран Заев ја водеше политичката игра во стилот на Нелсон Мендела, кој, посветувајќи се на слободата на својот народ, за елиминација на апартхејдот, одлежа 28 години во затвор. Но, на крајот, Мендела победи и стана првиот демократски избран претседател на Јужноафриканската Република. Светот, за заслугите на неговата борба за слобода, му ја додели Нобеловата награда.

zokiЗоран Заев, храбро и одлучно ја водеше својата борба за ослободување на Македонија од еден недемократски, диктаторски режим кој инсталира партиска држава. При таквиот свој чин Заев го изложи на ризик својот живот и безбедноста на своето семејство.

И кога по изборите на 11 деќември 2016 година се создаде новото парламентарно мнозинство на чело со СДСМ чиј лидер е Заев, тој ја направи првата и единствена грешка.

Имено, во тие моменти  новиот мандатар избран согласно слободната воља на слободните граѓани на Македонија, рече дека ова е редок случај во светската историја режим, диктатура да биде победен со пенкало, со гласот на народот и без капка пролиена крв. Како Гандиевска порака оваа мисла беше пренесена од огромен број светски медиуми.

Пацифист по своето исконско уверување, човекољубец каков што го знам, Заев ни не помислувал дека некој може да посегне по неговиот живот и по животот на неговите истакнати сопартијци. За него тоа едноставно било туѓо тело во семејството на слободоумниот свет. Но, при таа своја проценка тој и не бил свесен за опасноста дека си има работа со насилен режим во чиј мандат курбан отидоа повеќе животи, а дел од неистомислениците скапуваа во затвор. Или, можеби, бил свесен за таква можност но не сакал да ја прифати зашто се косела со неговото слободољубиво поведение.

Настаните од „Црниот четврток“ покажаа дека режим и диктатура, како онаа која ја имавме во Македонија не паѓаат само со пенкало и со гласот на народот. Се покажа и докажа дека диктаторот и неговата свита ја сакале крвта на Заев. Крв која прва потече во Парламентот, во тој храм на демократијата.

Три дена пред грозниот настан во Парламентот, во истокпрес го напишав коментарот под наслов „Терор Македонија“. Во него потсетив на тероризмот и тортурата кои дикаторскиот режим ги вршеше секојдневно врз слободољубивите граѓани на нашата татковина.

И денес сум на став дека животот на Зоран Заев е загрозен. И денес мислам дека кучињата отпуштени од Идризово со амнестијата на Иванов, сеуште се жедни да пијат нечија крав за сметка на познат нарачател. И денес имам став дека бројна армада која доби работни места со високи плати за да не работи ништо, а само да се тепа за режимот кога ќе добие наредба за такво нешто, е подготвена на најцрни сценарија вклучително и на убиства.

Но Зоран Заев си останува доследене на себе и на своите убедувања. Без оглед на фактот дека врз него беше извршен обид за убиство, дека голем број негови сопартијци беа со раскрвавени глави, дека претседател на партија на албанците Зијадин Села беше претепан на мртво име, Заев одново повикува на демократска разврска на македонската криза.Тоа не е ништо друго освен Гандиевски принцип на однесување. Заев добро знае дека политиката „око за око“ ќе не остави сите слепи, и затоа повикува на смирување на страстите.