„Езерска средба – 2019“, во Охрид и Поградец, Албанија во организација на здруженијата на ветерани од одбраната и безбедноста

Општина Охрид и годинава ќе биде покровител на манифестацијата „Езерска средба – Охрид 2019”, во организација на Регионалното Зружението на ветераните од одбраната и безбедноста на Република Македонија, за општините од западниот дел на земјата.

Ова е договорено на денешната средба на В.Д. градоначалник на општина Охрид Константин Георгиевски со делегација на Здружението, предводена од претседателот, полковник Добре Вељаноски.

Оваа година, средбата ќе има два дела. Првиот во Охрид, на 30 март, а вториот во Поградец, Албанија, на 18 мај.

Покрај, претставници на Здружението на ветерани од одбраната и безбедноста на Република Македонија, на националниоте здруженија на ветераните од Бугарија –Албанија – досегашни учесници, годинава ќе бидат поканети и ветераните од Грција.

01– Здружението, како една од најмасовните и најактивните невладини асоцијации во Охрид и Република Македонија, ќе ја има континуираната поддршка и помош од страна на општина Охрид, во рамките на општата соработка со невладиниот сектор, особено за проекти кои ја интензивираат прекуграничната соработка и отвораат можност за заеднички настап со проекти пред европските фондови – потенцираше Георгиески.

Полковник Вељаноски, од своја страна, ја нагласи определбата, овој настан да се искористи како повод, да прерасне во трајна форма на поврзување, соработка и разбирање на народите од соседните пријателски земји во реализацијата на плановите и активностите на општините за добробит на нашите граѓани.

Од тие причини, годинава, вториот дел од средабата ќе биде во Поградец, градот чија локална самоуправа и досега беше вклучена во поддршката на соработката на на ветераните од одбраната и безбедноста на двете земји.

На тој начин со оваа манифестација се отвораат нови можности за соработка и промоција на нашиот град во регионот.

 Зад организаторот на манифестацијата „Езерска средба -Охрид 2019 Регионалното Зружението на ветераните од одбраната и безбедноста на Република Македонија, за општините од западниот дел на земјата, стои децениско искуство на граѓански активизам, поврзан со негувањето на вредностите од овој важен општествен сегмент, пред се, во одбраната, безбедноста и зачувувањето на мирот, но и во унапредувањето на прекуграничната соработка.

 Локалната самоуправа на Охрид, како што нагласува Героргиески, во ваквите активности препознава можност за проширување на регионалната соработка и на оваа средба ќеги покани градоначалниците од градовите околу Охридското и Преспанското Езеро.

 Тоа е можност за преоценка на резултатите од досегашната соработка, но и да се договорат идните чекори во иницирањето, пред се на нови трансгранични проекти, кои финансиски би биле поддржани од европските фондови.

 Здружението на ветерани од одбраната и безбедноста на Република Македонија, остварува многу блиска соработка со албанската асоцијација, на кој план е најактивно членството од Охрид, потоа со Бугарија, Србија, Хрватска, Србија, Словенија и Романија. Се поврзуваме и со нашите колеги од БиХ и Унгарија, потенцира неговиот претседател, генерал Филип Котели.