Законите на Македонија или законите на вемерето?

Штип, 13.12.2016

ivboj0000
Пишува: Иван Бојаџиски

Александар Чичаковски, претседател на Државната изборна комисија нема мирен сон. Имено, ноќта пред ДИК да ги соопшти изборните резултати пред порти му се нацртаа oрганизирани воинствени членови на ДПМНЕ, за да не дозволеле да се случи кражба! Тие дојдоа на јавниот повик на Влатко Ѓорчев, испратен преку телевизиите со пораката која гласеше: „ДИК и да не помислува да ја фалсификува вољата на граѓаните зашто ќе си имал работа со народот“!

Прашање над сите прашања е од каде Ѓорчев знаел дека ДИК ќе ја фалсификува „народната воља“? Дали некој баш од ДИК му шепнал за тоа?. Силвана Бонева ли, кога се соочила со фактот дека резултатот е 53:50 за опозицијата па ја напуштила просторијата во која заседавал ДИК и се јавила кај Ѓорчев за да ги организираат ордите, за тие експресно да се инсталираат пред ДИК? Дали тоа не е притисок од најдолен вид? Дали такво нешто е дозволено во нормално уредена држава која има одговорно водство? Дали тоа не е морбиден начин ДИК и да не помисли да работи согласно законите на Република Македонија туку да постапува според законите на Дивиот запад, односно на вемерето?

Влатко Ѓорчев, детето кое од шатор стана пратеник, кое во животот не заработило ниту за четвртинка леб, чиј интелектуален капацитет е некаде околу нулата, направи грозен обид за дестабилизација на државата. Дали еден ден за тоа нема да му се суди?

Оставам времето, правдата и нормалноста да го кажат последниот збор во врска со ова прашање, кое за мене личнос е од пресудно значење за иднината на нашата Македонија.