Захариев на стадионот, Брегалница на дното

903

 

Денеска градоначалникоот Илчо Захариев, кончно дојде да го посети Градскиот стадион. Сега има зорт, да го дотера теренот на стадионот, откако ја отепа Брегалница.

Оние кои го видоа Нарцисот на фудбалксиот терен коментираа: „Штом Захариев ќе се појави на стадионот, Брегалница оди на дното“!

Претходно за првпат Захариев беше меѓу фудбалерите на Брегалница кога во Штип од Турција дојде несудениот газда на Брегалница. Градоначалникот дојде за со него (газдата) да се слика, за потоа преку медиумите да покаже дека му е дојдено до фудбалскиот миленик на штипјани и до спортот во градот.

ilco-zahariev11
Захариев
%d0%bf%d1%80%d0%b5%d1%83%d0%b7%d0%b8%d0%bc%d0%b0%d1%9a%d0%b5
Бојаџиев

А колку тој го сака спортот, во случајов фудбалот, говори фактот дека тоа му се единствените две средби со фудбалерите во неговите 3,5 години мандат!

Сега Илчо за претседател на ФК Брегалница го постави неговиот миленик, директорот на ЈП Исар, Ангел Бојаџиев. Бојаџиев не е способен ниту на магаре вода да му даде да се напие, а камоли да води фудбалски клуб во град-спортски центар од форматот на Штип. Но, Илчо е лисица. Тој си го постави Ангел на погрешно место за тој да потпишува финансиски документи, а ако еден ден се појави дубара, незаконитост Илчо ќе фати магла а Ангел неговата верна сенка ќе го јаде стапот.

Но, тие двајца не се важни. Важно е прашањето на што тоа спадна ФК Брегалница, ако се има во предвид кој се досега бил на чело на клубот, какви големи личности го воделе, кои фудбалски големини придонесувале за неговата историја, каква верна публика имал и има клубот…Апсолутно е сигурно дека неспособниот двоец Захариев-Бојаџиев ќе ја дотепа Брегалница , но прашање е зошто сите ние на Нарцисот му го дозволуваме тоа…