Зајкова и Кацаров најавија активирање на ЛиДеМ и во Штип

Зајкова и Кацаров

Штип, 30.05.2018

Денеска во Скопје на работен состанок се сретнаа Моника Зајкова. претседател на Либерално Демократската младина во Македонија и Миро Кацаров, потпреседател на ЛДП во Штип и воедно потпарол на оваа партија.

-Разговараме на повеќе теми по што донесовме конечна одлука за активирање на ЛиДеМ и во Штип со идеја да создаваме млади политичари кои ќе се борат за Демократска , граѓанска , модерна и европска Македонија .Станува збор за млади и студенти коа сакаат да се афирмираат и да помогнат со своите идеи и ставови , младина која ќе стои зад интересите на младите луѓе во Македонија , која рамноправно ќе се бори против корупцијата и ќе инсистира за реформи во образованието, судството , здравството , со една единствена мисла ,а тоа е побезбедна и суверена држава со работа за секој еден млад човек, ни изјави Моника Зајкова.

Според Миро Кацаров. тоа е тоа за што ЛиДем се залага и ќе продолжи и понатаму со силна пареа во остварување на зададените цели.

Како што не информираа двајцата, во средината на месец јуни и официјално ќе се започне со активности на овој план во рамките на ЛиДеМ, а до тогаш Зајкова и Кацаров порачуваат :

Ако си млад , ако немаш предрасуди , ако размслуваш слободоумно, ако си либерал , ако имаш европски цели и погледи , ако сакаш заедно да создадеме Европска модерна Македонија, приклучи ни се и биде дел од ЛиДеМ!