ЗНМ: Чивнинг стипендии на британската влада

Скопје, 01.08.2019

Во периодот од 5 август до 5 ноември 2019 година, Чивнинг Секретаријатот прифаќа апликации за стипендии за учебната 2020/2021 година. Пријавувањето е на www.chevening.org/apply.

Чивнинг стипендиите им се доделуваат на лица кои покажуваат лидерски потенцијал и имаат одлична академска основа. Стипендијата дава финансиска поддршка за школување на едногодишни магистерски студии на кој било британски универзитет и ви дава можност да станете дел од влијателна глобална мрежа на 50 000 стипендисти. За учебната година 2020/2021 на глобално ниво ќе се доделат над 1.500 Чивнинг стипендии. Овие стипендии се значајна инвестиција од Владата на Обединетото Кралство за развојот на идните генерации на глобални лидери.

„ Бараме амбициозни, професионални и иновативни идни лидери од сите области кои ќе студираат во Обединетото Кралство и ќе бидат отворени кон нови можности кои ќе им бидат овозможени за време на нивните студии. Чивнинг стипендистите се стипендисти кои демонстрираат лидерски квалитети, имаат визија за иднината и во кои области сакаат да работат. Тие се дел од глобалната мрежа на 50,000 стипендисти. Нашите алумни се индивидуи кои се динамични, влијателни и со стекнато искуство кое имате можност и вие да го искусите. Тие можат да ве охрабрат, да ви бидат ментори и да ви дадат совети како и контакти пред вашето заминување на студии во Обединетото Кралство. Кога ќе се вратите дома по вашите студии ќе се чувствувате подготвени да започнете позитивни промени на професионален и приватен план. Во Република Северна Македонија имаме извонредни Чивнинг стипенсити кои работат во јавни институции, граѓански, бизнис и академски сектор. Доколку се гледате како потенцијални Чивнинг стипендисти ве охрабрувам да аплицирате пред крајниот рок 5 ноември на Чивнинг страната www.chevening.org/apply.”, изјави Рејчел Галовеј, Британската амбасадорка во Република Северна Македонија.

Свое обраќање има и Бен Коутс, Директор на Чивнинг Секретаријатот:

„Чивнинг го претставува најдоброто од Обединетото Кралство каде пречекува неверојатни индивидуалци од секаде низ светот да студираат на едни од најдобрите универзитети на глобално ниво. Чивнинг искуството може да биде неверојатно позитивно искуство кое ќе придонесе за позитивни промени не само за самите стипендисти но и за општествата и земјите од кои тие доаѓаат. Нашите универзитети промовираат критичко размислување, размена на идеи како и надградување на вашето знаење и контакти. Од кога е започната Чивнинг програмата во 1983 година многумина кои биле дел од истата се вратиле во своите земји и станале лидери во одредени области. Јас лично сум запознал многумина и сум импресиониран од нивната страст и посветеност кон она што го изучуваат и се развиваат во врвни професионалци од различни области. Денеска светот се соочува со разновидни предизвици и Чивнинг семејството придонесува кон разменување на идеи и решавање на предизвици на глобално ниво.”

Информација за уредниците:

Чивнинг стипендиите се дел од глобалната програма на Британската влада за стипендирање финансирана од Министерството за надворешни работи и Комонвелт и партнерски организации. Стипендиите поддржуваат студирање на британски универзитет за едногодишни магистерски студии и индивидуалци кои покажуваат потенцијал да станат идни лидери, носители на одлуки, и креатори на мислење.Чивнинг програмата постои од 1983 година и низ годините се разви во престижна меѓународна програма. Чивнинг стипендистите се од над 160 земји и територии во светот. На глобално ниво има над 50 000 стипендисти, влијателна и ценета мрежа. Името „Чивнинг“ доаѓа од Чивнинг резиденцијата во Севеноукс, Кент – која моментално е заедничка официјална резиденција на британскиот министер за надворешни работи.

Повеќе информации на www.chevening.org.