Илија НИКОЛОВСКИ: Стабилизацијата на Фондото за ПИОМ и усогласувањето на пензиите по повеќе основи најважно остварување за пензионерите

Штип, 06.07.2020

Илија Николовски, кандидат за пратеник од коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ во третата изборна единица денес имаше едночасовен разговор со група штипски пензионери по што учествуваше на трибината на СДСМ и коалицијата, а на која говореше Зоран Заев, претседател на СДСМ.

Средбата на Николовски кој е претседател на Партијата на пензионери со групата штипски пензионери од Здружението на инвалидски пензионери, повеќе беше интерактивна. Кандидатот за пратеник побара од присутните да прашат за сите политики кои ги имаше владата предводена од СДСМ во однос на пензионерите.

107373503_933955000410296_3904762182639708166_n-Најголемо остварување од интерес за пензионерите во нашата држава е стабилизацијата на Фондот за ПИОМ и промените во Законот за ПИОМ со што се обезбеди зголемување, односно усогласување на пензиите по повеќе основи. Врз основа на тоа сите пензионери од 1 јануари годинава добија зголемување на пензиите за 722 денари. Големо достигнување е и тоа што пензиите ќе се усогласуваат двапати во годината  на основа порастот на трошоците на живот , а пензиите ќе се зголемуваат и ако имаме пораст на БДП за 4 проценти на годишно ниво, информира Николовски.

Тој потсети и на сите социјални бенефиции кои дојдоа со владата на СДСМ при што за само 2,5 години минималната плата е зголемена за 60 проценти и сега изнесува 14.500 денари, исто така имаме пораст на просечната плата која сега изнесува 26.836 денари…

Панче Анчев, поранештн адвокат, а сега претседател на ова пензионерско здружени кое има околу 800 членови, побара од Николовски по изборите да се заложи кај локалната влада нивното здружение да добие пристоен простор за својата работа кој сега го нема. Кандидатот за пратеник Илија Николовски даде ветување дека за таа потреба ќе организираат средба со градоначалникот Благој Бочварски веднаш штом се завршат изборите и изрази уверување дека тој проблем ќе биде решен.